Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски да одговори – од каде парцели во Жданец и вила во Грција?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски да одговори – од каде парцели во Жданец и вила во Грција?
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски да одговори – од каде парцели во Жданец и вила во Грција?

Објавено October 29, 2025 15:13
Сподели
Сподели

Поставуваме сериозни, јавни и суштински прашања кои бараат итен и транспарентен одговор од градоначалникот на Општина Карпош во заминување Стевче Јакимовски, праша денеска Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Прашања кои не се само политички, туку морални, и институционални по својата природа, бидејќи се однесуваат на довербата што граѓаните ја дале, а која очигледно е злоупотребена.

Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство стануваат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, во местото Жданец, токму таму каде што и тој лично живее? Јавноста има право да знае од каде и со кои финансиски средства се обезбедени ваквите имоти во најскапата урбана зона на Скопје.

Како е можно парцели кои, според претходниот Детален урбанистички план, биле означени како зеленило, по нивната купопродажба од страна на семејството Јакимовски магично да станат градежно земјиште, и тоа со урбанистичка маркица која веќе е уцртана во планот? Дали за овие парцели, кои од зеленило станале градежно земјиште, е поднесено барање за техничка градежна документација? Доколку да, кој го поднел тоа барање, кога, и до каде е постапката?

Дополнително, прашуваме дали е вистина дека во изминатата година, покрај домашните парцели, семејството Јакимовски се стекнало и со вила во едно од туристичките места во Грција?

Време е прашањата да добијат одговори.
Време е да се утврди дали во Карпош владее јавен или приватен интерес и како се успева да се заработи толку за купување на сите овие недвижности што се напоменати претходно?

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова потенцијална инвестиција на холандската компанија PWT Group BV во ТИРЗ
Следна Статија Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода… нѐ изедоа по затвори“

Пријателите се простуваат од Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“, кој почина на 54-годишна возраст. „Почивај во…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: 118 повредени од пожарот, сите се згрижени, има доволно крвни единици

118 се повредени, нема пациент што не е згрижен, изјави утринава министерот за здравство Арбен Таравари, по трагичниот настан во…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Километарска колона возила со часови заглавена кај Маврово

Сончевиот викенд во Маврово заврши и сега километарска колона возила е заглавена со часови на пат за дома. Некои од…

January 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Маврoвско Езеро порибено со 2.090 кг. крап, се подготвува за Светското првенство во риболов

Вработените во ЈП национален парк „Маврово“ во соработка со Македонската риболовна федерација, ја спроведе втората фаза од порибувањето на Мавровското…

May 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?