Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ингеренциите за разрешување и назначување директори во претпријатијата ги има исклучиво Арсовска – велат од УО на „Комунална хигиена“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ингеренциите за разрешување и назначување директори во претпријатијата ги има исклучиво Арсовска – велат од УО на „Комунална хигиена“
МАКЕДОНИЈА

Ингеренциите за разрешување и назначување директори во претпријатијата ги има исклучиво Арсовска – велат од УО на „Комунална хигиена“

Објавено October 30, 2025 20:59
Сподели
Сподели

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ испрати писмен допис до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во кој посочува дека согласно Законот за јавни претпријатија исклучиво таа ги има ингеренциите и надлежностите за разрешување и назначување директори на јавните претпријатија.

Реакцијата следува откако Арсовска вчера го повика премиерот Христијан Мицкоски да му наложи на Управниот одбор на комуналното претпријатие да назначи нов в.д. директор откако досегашниот поднесе оставка.

Во дописот до Арсовска, оттаму се повикуваат на одредбите од Законот за јавните претпријатија и од Статутот на ЈП „Комунална хигиена“.

„Согласно член 24 став 2, член 23 став 3 од Законот за јавните претпријатија и член 40 од Статутот на ‘Комунална хигиена’ исклучиво вие како градоначалник на Град Скопје имате ингеренции да именувате в.д. директор на ‘Комунална хигиена’. Состојбата во претпријатието итно го налага тоа. Да ве потсетиме и дека во изминатите четири години токму вие именувавте пет в.д. директори на ‘Комунална хигиена’ и разрешивте четири од нив“,стои во документот на УО на „Комунална хигиена“, кој до Арсовска е испратен со наслов „Итна ургенција“.

Согласно наведеното, оттаму бараат Арсовска итно да назначи нов в.д. директор на „Комунална хигиена“ со цел остварување на примарната дејност на претпријатието и заштита на животната средина и јавното здравје.

Покрај ова, во документот испратен до скопската градоначалничка се нотира и дека при крај се резервите со нафта наменета за специјалните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, а набавката, како што велат, не може да се оствари без потпис на в.д. директор.

„Доколку во најкус можен рок не назначите в.д. директор на ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје, одговорноста за алармантната состојба со одржувањето на хигиената во градот Скопје е ваша“,се наведува во документот.

Претходно вчера, градоначалничката Арсовска го обвини премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека е виновен за состојбата со „Комунална хигиена“ и го повика тој лично да му наложи на Управниот одбор на претпријатието да назначи нов в.д. директор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Работиме на децениски предизвик – сите населени места од Општина Брвеница со директен излез на автопатот
Следна Статија Мицкоски: Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно и чесно, Орце Ѓорѓиевски е човекот кој ќе воведе ред, чистота, култура

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се бара притвор за 14 лица, меѓу нив е и ексминистерот Бектеши

Јавното обвинителство ќе бара краткотраен притвор за 14 лица, осомничени во случајот во која загинаа 59 луѓе во пожарот во…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тирана и Приштина новогодишно украсени, Скопје станува како касаба од ден на ден

Од вчера почнаа да се поставуваат новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје! Но, очигледно засега, според жителите, нема претпразнична…

December 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ги оправдувам протестите, но не и политичките глодари кои гледаат шанса за некој поен

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата во Радовиш на новинарско прашање рече дека ја разбира потребата од протести, по трагедијата…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР евакуира во Трубарево: Жителите во радиус од 150 метри мора итно да ги напуштат домовите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека полицијата од куќа во куќа ги известува жителите во најризичната зона околу…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?