Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево кое ќе биде симбол на соживот, а не на поделби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево кое ќе биде симбол на соживот, а не на поделби
Blog

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево кое ќе биде симбол на соживот, а не на поделби

Објавено October 30, 2025 20:57
Сподели
Сподели

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг од пред платото на Филхармонија, се осврна и на Кичево, и кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, Кичево се наоѓа пред историска можност да избере градоначалник кој ќе ја промовира инклузивноста и соживотот меѓу сите. Мицкоски рече дека овој избор не е прашање на етничка припадност, туку на вредности и посветеност на сите жители на Кичево со цел градот да стане симбол на единство, прогрес и историска победа за сите.

„Дваесет години таму немало градоначалник што ја носи нашата програма, нашите вредности, немало човек кој гледа за сите, туку гледал само самиот за себе си. Дваесет години градот беше под управување, кое често ги делеше луѓето по вера, народност или партија“, вели Мицкоски.

Мицкоски повика на единство меѓу сите заедници во Кичево, апелирајќи до Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите и Бошњаците.

„Вечерва испраќам од овде од Скопје порака до сите кичевчани и Македонци, и Албанци, и Турци, и Власи, и Роми, Срби, Бошњаци. Излезете во недела и гласајте за човекот што ќе биде градоначалник на сите! Да се обединиме околу идејата дека Кичево може да биде симбол на соживот, а не на поделби. Да ја направиме историјата вистина, првпат по две децении, Кичево да има градоначалник кој не прашува „чиј си“, туку „што можеме да направиме заедно“, додаде Мицкоски.

Тој истакна дека оваа победа ќе биде заедничка за сите граѓани на Кичево и дека Владата ќе го поддржува Кичево во напорите да го подобри животот на сите жители, и додаде дека оваа промена не е прашање на етничка припадност, туку на човечка посветеност.

„Тоа ќе е заедничка историска победа на сите граѓани на Кичево, а ние како Влада ќе го помагаме Кичево максимално, во свои напори да го подобри животот на сите негови граѓани. И тука нема етничка приказна, туку сосема човечка димензија. Ова не е повик за етничко гласање туку за гласање за човек, за човек Македонец со сопруга Албанка, кои се пример за вредности и сила, човек кој ќе работи за сите, за своите кичевчани, ќе биде градоначалник буквално за сите и за Македонците, и за Албанците, ќе ги помага и ќе биде коректен, и за Турците, Ромите, Власите, Бошњаците. Со сите кои таму живеат без разлика на партија, етникум и верска определба. Тој е човек и ќе работи за Кичево“, посочи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не се забележани заболувања директно поврзани со насобраното ѓубре во Скопје, велат од ИЈЗ
Следна Статија Николоски: Работиме на децениски предизвик – сите населени места од Општина Брвеница со директен излез на автопатот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Мицкоски: Се сретнав со Касами

Билал Касами почна да ги праќа вистинските пораки кои прилегаат на еден градоначалник, изјави премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ…

October 27, 2025
Blog

Вредноста на доларот падна трета недела по ред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна минатата недела, трет пат по ред, бидејќи американската…

April 19, 2025
Blog

К-15 – Toso i Cacko na bazen

Сите видеа од нивв се легендарни!

February 20, 2025

A Dish of Neurons Playing DOOM Is the Wildest Thing I’ve Seen in Ages – Gizmodo

Coming soon to a LAN party near you: a Petri dish.

March 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?