Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Насилство во Петровец: Ја тепал и гушел сопругата пред ќерките и внуката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Насилство во Петровец: Ја тепал и гушел сопругата пред ќерките и внуката
ХРОНИКА

Насилство во Петровец: Ја тепал и гушел сопругата пред ќерките и внуката

Објавено October 31, 2025 19:06
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-При вршење семејно насилство тој со умисла тешко телесно ја повредил неговата сопруга. По кратка вербална расправија на 28 октомври во семејниот дом, осомничениот 67-годишен жител на селото Петровец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете.

Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош. Од семејното насилство се здобила со тешки повреди – скршеници на три ребра и хематоми, информира Обвинителството.

Ценејќи ги сите околности, особено опасноста од бегство на осомничениот, но и веројатноста да го повторува насилството кое го вршел и во присуство на ќерките и малолетната внука, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откриен гроб со протома од коњ положен на страна кој датира од железното време на локалитетот Исар Марвинци
Следна Статија Мециновиќ: 30 години имаме ароганција од најнеспособните луѓе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тинејџер силувал девојка во Кисела Вода

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Д. (18) од Скопје за сторено кривично дело „полов напад и силување”. „На 26.07.2024…

October 30, 2024
ХРОНИКА

Негувателка од Велес им давала да пробуваат електронски цигари на деца, доби забрана за вршење професија за пет години

Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негователката во градинка…

February 3, 2025
ХРОНИКА

Над 10 уапсени во големата акција на ОЈО ГОКК, меѓу приведените и вработени во УЈП

Попладневната полициска операција која се спроведува низ целата држава почна да ги вади на површина првите детали. Според неофицијални информации…

January 15, 2026
ХРОНИКА

Во сообраќајка загина тракторист во село Баница, кај Струмица

Претпладнево во селото Баница, кај Струмица, на патот Струмица-село Баница – село Вељуса во сообраќајка загина тракторист, а сопатникот кој…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?