Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските ракометари поразени од Јапонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските ракометари поразени од Јапонија
СПОРТ

Македонските ракометари поразени од Јапонија

Објавено November 1, 2025 18:17
Сподели
Сподели

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација загуби вечерва во Куманово од Јапонија со 31-32 (17-16) во вториот контролен натпревар што двете селекции го одиграа во рамки на ЕХФ неделата.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров заминаа на полувреме со гол предност, но во продолжението им дозволија на јапонските ракометари да го преземат водството и во 45 минута да поведат со највисоки 28-25.

Јапонија ја зачува предноста во неизвесна завршница во која македонските ракометари не успеаја да ги реализираат двата последни напади.

Серафимов со седум голови беше најефикасен во македонските редови, а Томовски на голот запиша 12 одбрани.

Во првиот натпревар одигран во четвртокот во Скопје, избраниците на Лазаров ја совладаа јапонската репрезентација со 29-27.

Македонските ракометари ги искористија двата контролни натпревари против Јапонија во рамки на ЕХФ неделата како дел од подготовките за настап на Европското првенство во јануари идната година.

Македонската репрезентација на завршниот турнир ќе игра во групата Б во данскиот град Хернинг против домаќинот Данска (16 јануари), Португалија (18 јануари) и Романија (20 јануари).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДИК: До 20:00 часот гласале 3.327 од вкпуно пријавените 4.826 болни или немоќни лица
Следна Статија (ВИДЕО) Легендарниот воз „Шпанец“ се враќа на пругите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Премиер лигата воведува ограничување на платите? Клубските челници во паника: Ова може да нè уништи

Контроверзното ново правило за ограничување на платите, за кое многумина веруваат дека би можело да ја уништи Премиер лигата, би…

October 16, 2025
СПОРТ

„Ги навредуваше Србите и мене“: Ѓоковиќ објасни зошто не дал интервју на теренот по победата над Лехечка (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по победата над Јиржи Лехечка (3:0) во четвртото коло на Австралија опен, не даде интервју на…

January 19, 2025
СПОРТ

Годините се само бројка, класата е вечна: Роналдо со „ножички“ ги потопи Полјаците (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо продолжува со извонредните настапи на 39-годишна возраст, откако ветеранот со два гола ја предводеше Португалија до триумф од…

November 16, 2024
СПОРТ

На германските репрезентативци им пречи девојката на селекторот: Убавата Лена е постојано присутна секаде

Додека германската репрезентација се бори за светскиот трон на теренот,  беснее вистинско незадоволство. Главна тема во таборот на „панцерите“ одеднаш…

June 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?