Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Објавено November 2, 2025 10:16
Сподели
Сподели

Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. На ниво на Град Скопје одѕивот за избр на градоначалник е 2,46 отсто.

– Гласачките места се навреме и уредно отворени, гласањето тече во најдобар ред. Постапката се одвива уредно, немаме никаков проблем досега со изборниот материјал ниту со постапувањето на избирачките одбори, рече Кондарко на прес-конференција.

Тој соопшти дека единствено во Дојран на избирачкото место 0385 поради технички пробеми со смарт картица на уред за биометриска идентификација имало мал застој, но проблемот е решен и гласањето тече непрекинато.

Кондарко најави дека во текот на денов ДИК ќе посети определени избирачки места и општински изборни комисии по сопствена проценка и без претходна најава со цел да го набљудува текот на изборите. И по 19 часот тимови на ДИК ненајавено ќе бидат на определени места каде ќе го набљудуваат и броењето на галсовите, со цел поголема транспарентност и увид во работата.

Останува препораката на ДИК дека на процесот на броење може да биде присутен целокупниот состав на избирачкиот одбор.

– ДИК и во текот на денов е во постојана комуникација со Комисијата за следење на изборниот процес од Јавното обвиителство од превентивни причини ако има каква било потреба уште во текот на гласањето или броењето ќе го известуваат. ДИК ќе го достави и доверливиот изборен материјал доколку се јави потреба.

Во вториот круг на локалните избори денеска се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1771 избирачки места. До 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 013 375 гласачи, меѓу кои и 474 304 избирачи во Градот Скопје.

Следната прес-конференија на ДИК е во 11:30 часот. Првичните неофицијални резултати ќе бидат објавени по 20 часот, а ококу 23 часот ќе се одржи прес-конференција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје се избира градоначалник во вториот круг
Следна Статија Просечната излезност во Скопје до 9 часот е под државниот просек

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Ѓорѓиевски помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки

Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски и нашите семејства сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки!…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Истрагата за трагедијата во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите

Истрагата за трагедијата во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите, објави во 24 анализа државниот…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе набавува 120 еколошки автобуси, 80 за Скопје

Владата најавува инвестиција во еколошки превоз.  Владата ќе набави 120 еколошки автобуси за јавен превоз, од кои 80 ќе бидат…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

ОН ѝ пресуди на Бугарија: Неосновано ја блокирала регистрацијата на Македонци

Комитетот за човекови права при Обединетите нации утврди дека Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување, откако домашните судови…

April 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?