Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Никој не очекуваше дека во мојот град ќе се вее бугарското знаме – Мики откри што се случило
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Никој не очекуваше дека во мојот град ќе се вее бугарското знаме – Мики откри што се случило
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Никој не очекуваше дека во мојот град ќе се вее бугарското знаме – Мики откри што се случило

Објавено November 2, 2025 13:24
Сподели
Сподели

Не стивнуваат реакциите по големиот гаф што го направи познатата фолк-пејачка на концертот во Македонија.

Кралицата на балканската фолк-музика, Светлана Цеца Ражнатовиќ, концертот во Македонија ќе го памти засекогаш.

Имено, таа на 31 октомври одржа концерт во спортската сала Гемиџии во Велес кога заради еден непромислен чекор што го направи на сцената, и веруваме, ненамерно, следуваше вистинско фијаско.

Имено, Цеца во еден момент доби бугарско знаме од публиката кое го бакна, a потоа и го префрли преку рамениците.

Овој гаф што пејачката го направи во Велес предизвика негодување кај самата публика, но и бурни реакции на социјалните мрежи.

По концертот се огласи и Цеца, која истакна дека знамето го добила од фанови од публиката и дека сакала само да ги испочитува, без намера никого да навреди, а најмалку публиката во Македонија.

И како што самата вели во своето обраќање, не и е прв пат да истакнува знаме на сцената, без никаква намера некого да повреди.

Тоа е моја публика, мој народ, мои луѓе. Нас не поврзува љубовта кон песната, без разлика кој од каде доаѓа – изјави таа по концертот.

Со слична изјава се огласи и Мики Секуловски, кој беше со неа на сцената кога пејачката испровоцира многумина со бугарското знаме.

Од снимките што испливаа на социјалните мрежи, може јасно да се види дека тој во прв момент се фати за главата кога виде што се случува, а потоа се обидуваше да ја смири публиката во салата.

И како што самиот вели, Мики најпрво не видел дека станува збор за знаме, туку мислел дека е некоја порака за Цеца од нејзините фанови. Но кога публиката почнала да реагира, Мики сфатил каква „глупост“ направиле, па веднаш и го земал знамето на Цеца и го отстранил, но како што самиот вели, штетата веќе беше направена.

Мики во ова свое обраќање и се извини на публиката, но и потенцираше дека Цеца не знаела за проблемот што Македонија го има со Бугарија, бидејќи во спротивно, најверојатно поинаку ќе реагирала.
Таа ме погледна збунето, не знаеше ни што се случува. Но штетата веќе беше направена“, вели Мики во видеото.

Можеби требаше јас порано да изреагирам, но навистина не забележав дека се работи за бугарско знаме… Навистина жално, навистина штета што се случи оваа случка, никој не очекуваше дека, во мојот град, во Македонија, ќе се вее бугарското знаме, никој не го помисли тоа – вели Мики.

Навистина ми е жал, требаше да биде прекрасен концерт, и беше додека не се случи оваа.. несреќна случка“, изјави пејачот.

Обраќањето на Мики погледнете го во продолжение

View this post on Instagram

A post shared by Miki Sekulovski (@mikisekulovski)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо: Ќе продолжам да играм фудбал додека ме држат нозете
Следна Статија Експлозија на бомба ги разбуди граѓаните на Сараево- оштетени возила пред казино

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Утре сè ќе ви оди од рака: Ова се адетите за четвртокот по Велигден кој е најсреќен во годината

Светата или Велигденска недела се смета за големо и непрекинато славење за Велигден. Има голем број верувања и обичаи за…

April 23, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Ричард Гир покажа среден прст во емисија во живо

Ричард Гир се појави во емисијата Today во средата за да ја промовира својата нова ТВ серија The Agency. Водителката…

November 22, 2024
ЗАБАВА

(ФОТО) Њујорчанка го прослави 104. роденден во затвор

Жена од Њујорк го прослави својот 104. роденден во затвор, што било дел од нејзината специјална листа на желби –…

February 14, 2025
ЗАБАВА

Лила: Куме мој, “Ако утре ме нема” ти реков дека многу ми се “свиѓа”, без да помислам дека таа песна ти ја претскажа тажната судбина

По траорната вест за над 60 починати во пожарот во дискотеката во Кочани и стотици повредени, за жал, животот го…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?