Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат на двa мандата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сиљановска-Давкова: Да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат на двa мандата
ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: Да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат на двa мандата

Објавено November 4, 2025 10:06
Сподели
Сподели

Локалните избори беа сосема во ред, како што треба да бидат по 30 години. Ме изненади малиот број кандидатки, очекував дека ќе има повеќе жени, оцени вечерва претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Во гостувањето на емисијата „360 степени“ на МРТ, Сиљановска-Давкова порача дека треба да се размисли за ограничување на мандатот на градоначалниците на максимум два мандата. Во спротивно, како што објасни, има опасност од партизација поради силните ингеренции, дури и од рефеудализација, посебно во малите средини.

-Ако има граница во парламентарните системи, кај претседателите со церемонијални функции, тогаш кај нас системот на локална самоуправа се квалификува како квази претседателски, со многу силни ингеренции на градоначалниците. Оттука, нешто што е невообичаено, министри, пратеници, се одлучуваат да конкурираат за градоначалничка функција, истакна Сиљановска-Давкова.

Дополнителен проблем, според неа, е отсуството на друга извршна власт, покрај градоначалникот, во смисла на локална влада, во форма на извршен одбор, извршен совет или повеќе извршни тела. Тоа, истакна претседателката, претставува силна концентрација на моќ.

-Повеќе од дваесет години ние имаме исти градоначалници. Тоа некаде се нарекува републикански монархизам, укажа Сиљановска-Давкова.

На прашањето како да се спречи корумпирање ако нечие владеење доминира, а институциите се слаби, претседателката потенцира – утврдена тенденција е, не само во политичката наука, туку и во политичката пракса, дека власт може да ограничи власт.

-Вие рековте слаби институции, дека системот на ’спреги и кочници’ може да доведе до ограничена власт, дека силното јавно мислење може да ограничи власт, силна опозиција, а во моментов не можеме да речеме дека има. Меѓутоа, никогаш во политиката нема празен простор, падот на некоја опозициска партија или на некоја партија во влијанието ќе биде заменет или ќе има тенденција да биде заменет од друг. Силно граѓанско општество или невладини организации, политика на владеење на правото, независна судска власт (може да ограничат власт, н.з.). Кај сите имаме проблем. Затоа, одговорноста е далеку поголема, рече Сиљановска-Давкова.

Таа се повика и на историја на ситуации и научени лекции.

-Ако се опкружени нашите политичари со критичари, тогаш ќе внимаваат и ќе преземаат чекори. Ја споменавте претходната власт. Сетете се до какви промени доаѓаше во министерствата. Па, вие да сте волшебник, не можете да го реформирате Министерството за здравство за неколку месеци. Јас не знам колку министри се сменија. Резултатот го видовме. И со одговорноста, еднаш треба да се соочиме – дека кога нема да постигнете нешто, ќе си заминете. Добра лекција е, иако Словенија е многу понапред и различна. И министерот за правда и министерот за внатрешни работи заминаа. Значи, не говориме ние секогаш за кривична ни за граѓанска одговорност. Говориме за етика. Говориме за политичка одговорност, подвлече претседателката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија EУ денеска ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија
Следна Статија ЗНАМ: ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство…

December 21, 2025
ПОЛИТИКА

ПИШИ- БРИШИ ПОЛИТИЧАР: Жерновски обвини дека Сиљановска се фотографирала со „восочни фигури на Трамп и Меланија“, па се премисли

Поранешниот градоначалник на општина Центар и амбасадор во Романија, екс заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски на социјалните медиуми тврдеше …

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

Секои избори се можност да испратиме и политичка порака во која вие граѓаните ќе знаете што можеме да очекуваме во…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Врз гробовите на нашите блиски градите кариери, порача Јанев и ја напушти Левица

Разочаран од последните обиди на неговите сопартијци да политички да поентираат врз трагедиајта во Кочани, Јован Јанев преку долг пост…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?