Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Oбвинителството на БИХ ја прекина истрагата против Додик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Oбвинителството на БИХ ја прекина истрагата против Додик
БАЛКАН

Oбвинителството на БИХ ја прекина истрагата против Додик

Објавено November 4, 2025 15:53
Сподели
Сподели

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) ја прекина истрагата за напад врз уставниот поредок против поранешниот претседател на Република Српска  Милорад Додик, претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ, и поранешниот премиер, Радован Вишковиќ, објавија сараевските медиуми и Радио-телевизијата на РС-  РТРС, наведувајќи дека оваа информација неофицијално им е потврдена од Обвинителството на БиХ.

Истрагата против нив беше отворена во декември минатата година, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „напад врз уставниот поредок на Босна и Херцеговина“, со донесување закони во Народното собрание на Република Босна и Херцеговина со кои, на територијата на тој ентитет на БиХ, се забранува работата на Судот и Обвинителството на БиХ, Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), како и Високиот судски и обвинителски совет на БиХ (ВСО).

predsjednikrs.rs

Уставниот суд на Босна и Херцеговина ги поништи сите овие закони, а потоа Народното собрание на РС ги повлече како дел од таканаречениот план за „деескалација на кризата“ во БиХ, што владата на РС го договори со американската администрација.

Резултатот од одлуката на Народното собрание да ги повлече овие закони, како и законите за неизвршување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и на Високиот претставник на меѓународната заедница на територијата на РС, поради кои Додик беше законски осуден пред Судот на Босна и Херцеговина, е укинување на американските санкции против Милорад Додик, членовите на неговото семејство, најблиските соработници и блиските компании

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На 84 години почина Дик Чејни, најмоќниот потпретседател во модерната историја на САД
Следна Статија Тројца млади скопјани излетале со возило кај Страцин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Дали Вучиќ се руши по македонско сценарио?

Српската опозиција синоќа одржа протест на кој според проценките учествуваа околу 30.000 луѓе.Се одржа на плоштадот Славија. Иако офијално ова…

December 23, 2024
БАЛКАН

Поскапува летувањето во Грција

Одморот во Грција оваа година станува поскап по стапувањето на сила на новиот закон за изнајмување недвижности, кој започна да…

February 7, 2026
БАЛКАН

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за…

October 26, 2025
БАЛКАН

Мајките во Србија добиваат дополнителен стаж за мајчинство

Србија се приклучува кон европскиот тренд во признавањето на родителскиот придонес преку пензискиот систем. Со измените на Законот за пензиско…

August 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?