Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста
Blog

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Објавено November 4, 2025 20:18
Сподели
Сподели

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

„Колку е поголема довербата, толку е поголема и одговорноста. Но, од друга страна, оваа победа некако може и многу други работи да ни покаже. Политичките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ успеаја преку овие локални избори да покажат дека се идентификувале со очекувањата на граѓаните. Добивањето на довербата на локално ниво, особено на локални избори, секогаш значи дека граѓаните имаат очекувања од вас, и ако вие ги исполните нивните очекувања, или веруваат дека можете да ги исполните очекувањата, тогаш и директно ви ја даваат довербата“, истакна Митева.

Митева нагласи дека резултатите од изборите покажуваат дека граѓаните веруваат во ВМРО-ДПМНЕ како партија што има јасен системски правец и реален пристап кон решавање на проблемите.

„Овие избори покажуваат дека граѓаните веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што има еден системски правец, а тоа е чесност, работа и посветеност. Веруваат дека можеме да го исполниме она што го ветуваме, веруваат во реториката која што ја имаме на работа и чесност, а не само на празни зборови коишто не се реализираат во реалноста“, додаде Митева.

Митева изрази благодарност до сите граѓани кои ја дале својата доверба, нагласувајќи дека токму таа доверба претставува дополнителен мотив за уште посериозна работа и исполнување на ветеното.

„Водевме реална политика, зборувавме за реалните проблеми. Јас благодарам на секој еден граѓанин којшто ја даде довербата, го даде својот глас и се разбира откако се ова ќе го сумираме веднаш следи одговорноста затоа што и довербата е голема“, вели Митева.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Amazon и Open AI склучија договор од 38 милијарди долари
Следна Статија Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Расте цената на нафтата на светските берзи

Цените на нафтата скокнаа за повеќе од 12 проценти минатата недела, достигнувајќи го највисокото ниво од крајот на јануари, бидејќи…

June 16, 2025
Blog

Рудникот Саса инвестираше во нов систем за рано предупредување од елементарни непогоди

Директорот за Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов и генералниот директор на Рудник Саса, Кристофер Колбурн го потпишаа…

March 28, 2025
Blog

Цената на биткоинот нагло падна

Цената на биткоинот во неделата навечер падна под 79.000 долари додека инвеститорите се подготвуваат за продолжување на нестабилноста на глобалните…

April 7, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Овен – сабота, 25 јануари 2025

1. Овните денес имаат вистинска моќ за создавање можности за својот духовен развој. Се предизвикуваат да бидат амбициозни, одлучни, храбри,…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?