Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Додик повторно со закани: „БиХ е завршена приказна, РС ќе стане независна држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Додик повторно со закани: „БиХ е завршена приказна, РС ќе стане независна држава
БАЛКАН

Додик повторно со закани: „БиХ е завршена приказна, РС ќе стане независна држава

Објавено November 5, 2025 19:29
Сподели
Сподели

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, повторно упати закани за одвојување на РС од Босна и Херцеговина, реагирајќи на одлуката на Уставниот суд на БиХ кој ја отфрли неговата жалба против казната со која беше осуден на една година затвор и поради која му беше одземен мандатот.

„Јасно е дека Уставниот суд на Босна и Херцеговина е дел од кланот чија цел е да го укине Дејтонскиот мировен договор“, изјави Додик на прес-конференција во седиштето на неговиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) во Бања Лука, пренесе Индекс.хр.

Иако му беше изречена шестгодишна забрана за политичка активност, Додик и натаму се претставува како претседател на Република Српска и на СНСД. Според толкувањата на Судот на БиХ, тој не би можел да ја извршува ниту партиската функција, но процедурата сè уште се разгледува во Основниот суд во Бања Лука.

Во меѓувреме, Парламентот на РС ја назначи Ана Тришиќ Бабиќ за привремена претседателка до изборите закажани за 23 ноември.

„Зборувам од просториите на СНСД само од формални и правни причини“, рече Додик, додавајќи дека „Босна и Херцеговина ќе се распадне, а РС ќе стане независна држава“.

„Сè што кажавме дека се наши политички цели, ќе биде нашата ориентација во иднина“, додаде тој.

Додик изјави дека за него БиХ е „завршена приказна“ и најави општа парализа на институциите на државно ниво. Потсети дека Парламентот на РС во февруари усвоил закони кои водат кон сецесија, но тие биле поништени под притисок на американската администрација.

И покрај тоа, Додик не покажува намера за повлекување. „РС и јас, како претседател, веруваме дека не постои уставна БиХ. Постои БиХ во слободен пад и сакам да кажам — нека оди по ѓаволите“, изјави тој.

Тој ја обвини Европската Унија дека „поттикнува анархија и сака да ѝ ги одземе сите права на РС“, а како главен виновник ја посочи еврокомесарката Марта Кос.

„Да нè влечат во ЕУ без статус и право на глас — јас сум против тоа. РС ќе биде против тоа“, порача Додик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До 1 февруари забрана за риболов на сите видови риба на Мавровско Езеро, река Радика и нејзините притоки
Следна Статија Со закон ќе се овозможи замена на македонска со словенечка возачка дозвола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Бебе се роди во такси во Црна Гора

Бебе во Никшиќ, Црна Гора, се роди во такси. Мајката почувствувала болка и тргнала на породување, но не дочекала да…

December 27, 2024
БАЛКАН

Букинг на чекор да се затвори во Србија – Луѓето кои издавале станови не плаќале данок!

Букинг (Booking), онлајн платформа за резервации на апартмани и хотели низ светот, во Србија се соочува со обвинувања од властите…

October 18, 2024
БАЛКАН

Додик: Не се откажувам од воен сојуз со Србија и Унгарија

Претседател на Република Српска – Милорад Додик изјави дека Република Српска не отстапува од новиот Устав, ниту од тоа да…

April 19, 2025
БАЛКАН

Уапсени 11 лица по пукањето пред израелскиот конзулат во Истанбул

Полицијата уапси 11 лица во врска со пукањето пред израелскиот конзулат во Истанбул. Пукањето се случи вчера попладне во населбата…

April 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?