Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јовева: ЕК треба јасно и гласно да каже дека Македонија има напредок, не е фер да се става во ист кош со Србија и БиХ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јовева: ЕК треба јасно и гласно да каже дека Македонија има напредок, не е фер да се става во ист кош со Србија и БиХ
МАКЕДОНИЈА

Јовева: ЕК треба јасно и гласно да каже дека Македонија има напредок, не е фер да се става во ист кош со Србија и БиХ

Објавено November 6, 2025 08:32
Сподели
Сподели

Мислам дека не е фер Македонија да се става во истиот кош со Србија и Босна и Херцеговина, кога станува збор за напредокот на европскиот пат, изјави за МИА словенечката европратеничка Ирена Јовева.

– Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а посебно Црна Гора, реално или најреално навистина е најнапред од регионот во однос на реформите и напредокот. Иако не би сакала да испадне дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или Комисијата, но мислам дека малку не е фер да испадне дека сме, ако така смеам да кажам, во истиот кош со Србија, па и со Босна и Херцеговина, вели Јовева, која има македонско потекло.

Јовева, кој е дел од либералната група „Да ја обновиме Европа“, нагласува дека особено не е фер, ако знаеме што се случува во Босна и Херцеговина, а посебно во Србија.

– Не е до толку дека македонската држава не напредувала, има напредок, но оценката е премногу генерална, премногу општа. Секако, не може да се каже дека Македонија напреднала толку колку и Црна Гора, но заслужува да се каже јасно и гласно дека има напредок, потенцира Јовева.

Според неа, ако Извештајот на Европската комисија за земјава за 2025 годна се чита конкретно, ќе се види дека сепак има таа има постигнато напредок и тоа треба да се потенцира, а не да се вели дека е во ист кош со Србија или Босна и Херцеговина.

– Мислам дека таквиот наратив не в ред и не фер, пред се од страна на Европската комисија и треба јасно и гласно да се каже дека Македонија има напредок. Мислам дека земјата напредува и дека е на добар пат во процесот на пристапување кон Европската Унија, вели Јовева.

Словенечката европратеничка смета дека не се точни оценките дека Европската Унија не сека да ја прими земјава во ЕУ и дека само ја користи Бугарија како изговор.

– Како некој што има доста добри контакти и увид во сето она што се случува, воопшто не можам да се сложам со таквите проценки. Мислам дека на нив не им е место, посебно не сега. Моментумот е тука. Тоа нема врска со сакање или не сакање, туку со реалноста, а реалноста е дека Северна Македонија има направено напредок, истакнува Јовева.

Таа додава дека спорот со Бугарија е билатерален, што е јасно кажано и од страна на Европскиот парламент во последните извештаи, како и од страна на Европската комисија. – Како што не е фер да се става Македонија во исти кош со Србија во контекст на напредокот во пристапниот процес, исто така не е фер да се користи општата ситуација во регионот за собирање евтини политички поени. Македонија е држава која заслужува место во Европската Унија и мислам дека кога-тогаш ќе стигне до тоа. Само треба да продолжи со реформите, додава Јовева во изјавата за МИА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потпишување договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на пругата со Бугарија
Следна Статија Ѓорѓиевски: Ќе бидам градоначалник на сите, од денес Скопје испишува нова страница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

За верниците од исламска вероисповед денес започнува Светиот месец “Рамазан“

За верниците од исламска вероисповед од денеска започнува Светиот месец – „Рамазан“, месец на пости и религиозна посветеност. Во наредните…

March 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до влашката заедница: Имате значајна улога во градењето на Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод 23 Мај – Националниот дел на Власите. Тој вели дека влашката заедница има…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Борбата за правда и за правна држава е борба за задржување на младите и за иднината на државата, вели Сиљановска Давкова

Еден од клучните проблеми на македонските граѓани е правдата. Но, правдата е загрозена поради ендемската корупција и организираниот криминал, што,…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не сум среќен поради дебаклот на СДСМ, но тој е одраз на реалноста дека оваа партија не се реформираше

Овој резултат е порака до СДСМ. Морам да признаам дека не сум среќен поради нивниот дебакл, но тој е одраз…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?