Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсени пет лица поради за поткуп, директор примил 400 од ветени 50 000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсени пет лица поради за поткуп, директор примил 400 од ветени 50 000 евра
ХРОНИКА

Уапсени пет лица поради за поткуп, директор примил 400 од ветени 50 000 евра

Објавено November 7, 2025 13:58
Сподели
Сподели

Вчера (06.11.2025) во попладневните часови полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК и истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК лишија од слобода пет лица поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот Џ.Ф.(77) сторил продолжено кривично дело „давање поткуп“ и кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, додека три лица А.Ф.(44), Ј.К.(35) и И.С.(57) како посредници сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Д.Д.(47) сторил продолжено кривично дело „примање поткуп“.

Првоосомничениот – управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ. Останатите тројца осомничени од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајки го своето реално влијание и службената положба побарале и го поттикнале директорот на агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Имено, иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите предвидени во Јавниот повик бр.01/24 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, директорот по применото ветување за подарок од значителна вредност во износ од 50 000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и притоа примил дел од паричните средства во износ од 400 евра кои при претрес се пронајдени и одземени.

При извршени претреси на други локации пронајдени се парични средства во значителна вредност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Првпат по шест децении се обновува инфраструктурата, ова ќе остане запишано во историјата на Македонија
Следна Статија Мицкоски: Инвестиции во нова железничка линија и градски воз за почист воздух

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен гостиварец, возел со брзина од 174 километри на час

Полицијата уапси гостиварец кој возел со 174 километри на час, на автопатот Гостивар – Тетово. Вчера во 15:45 часот на…

December 9, 2025
ХРОНИКА

На граничниот премин „Стење“ спречен шверц на златен накит вреден 5 600 евра

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит…

September 18, 2025
ХРОНИКА

Тројца малолетници кај Ајватовски рид фатени со бензин, петарди, запалка и течен лепак

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази…

July 10, 2025
ХРОНИКА

Јахоски може да излезе од Шутка само ако депонира 72.000.000 денари, вели обвинителството

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се согласи на можноста за укинување на притворот за Асмир…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?