Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Гунвор“ се откажа од купување на „Лукоил“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Гунвор“ се откажа од купување на „Лукоил“
ЕКОНОМИЈА

„Гунвор“ се откажа од купување на „Лукоил“

Објавено November 7, 2025 14:24
Сподели
Сподели

Министерството за финансии на САД објави на социјалната платформа „Икс“ дека аквизицијата странските подружници на „Лукоил“ од страна на „Гунвор Груп“ нема да добие одобрение за лиценцирање. Потоа од швајцарската компанија формално го повлекоа својот предлог за купување на меѓународните средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“.

Во изјавата на Министерството за финансии се наведува намерата на администрацијата да го прекине финансирањето на војната на Русија преку нејзиниот енергетски сектор, нарекувајќи го Гунвор „марионета на Кремљ“.

– Претседателот Доналд Трамп јасно стави до знаење дека војната мора веднаш да заврши. Додека рускиот претседател Владимир Путин продолжува со бесмислените убиства, марионетата на Кремљ, „Гунвор“, никогаш нема да добие лиценца за работа и профит – напиша на официјалниот профил на Министерството за финансии на САД на „Икс“ платформата

Одлуката сигнализира значителна ескалација на западната контрола врз трансакциите што вклучуваат руски енергетски фирми и, барем засега, ги уништи амбициите на „Гунвор“ да ги зголеми своите операции за преработка и производство.

Од „Лукоил“ на 30 октомври 2025 година обзнанија дека ја понудата од „Гунвор“ да ја купи неговата подружница во странство „Лукоил Интернешнл“ која поседува широко портфолио на средства во повеќе од 30 земји – вклучувајќи рафинерии во Бугарија и Романија, нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Ирак и Мексико и малопродажна мрежа за гориво што се протега од Северна Америка до Европа.

Претходно извршниот директор на групацијата „Гунвор“, Торбјорн Торнквист изјави дека и да бидат укинати санкциите кон „Лукоил“, нема да ѝ бидат вратени парите од продажбата на странските подружници на руската нафтената компанија. Тој истакна дека западните регулатори немаат причина да се грижат, додека во САД сè уште размислуваа дали да ја одобрат трансакцијата.

– Ова е јасен прекин. Кога договорот ќе стапи на сила, тој е конечен. Им даваме гаранции дека ова нема да се случи – рече Торнквист.

Пропаѓањето на договорот за „Лукоил“ значи дека остава неговите меѓународни средства во лимбо состојба. Тие средства беа отуѓени како одговор на санкциите, а неуспехот да се заврши продажбата покренува прашања за нивното идно сопствеништво.

– Иако Гунвор официјално го повлече својот предлог, изјавата остави отворена можност за повторно разгледување на прашањето доколку се појави регулаторна јасност. Ја поздравуваме можноста да се осигураме дека ова јасно недоразбирање ќе биде исправено – истакнаа од компанијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Маск заигра танц со својот робот откако му беше одобрена „платата на векот“
Следна Статија Откриен еден од извршителите на убиство во Чашка -го намамиле да влезе во кола и му пукале во глава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јанчев најави активирање на поранешно „Фени“

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска најави повторно активирање на кавадаречкиот комбинат, поранешно „Фени“. – Компанијата „Golden Eagle“ – поранешно…

January 30, 2026
ЕКОНОМИЈА

Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни

Курсот на денарот е стабилен, а нивото на девизни резерви е адекватно за понатамошно успешно спроведување на стратегијата на стабилен…

October 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесува за постепено намалување на инфлацијата

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка,…

October 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

За увид во состојбата во „м-КЛИК“ ќе одземаат пари од сметка

НЛБ Банка од 23 јуни годинава го укинува надоместокот за физички лица за приклучок на интернет банкарство со право на…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?