Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
СВЕТ

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

Објавено November 8, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Светски познатиот научник Џејмс Вотсон, кој ја делеше Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1962 година за помош во откривањето на структурата на ДНК, почина на 97-годишна возраст.

Смртта на Вотсон беше потврдена синоќа од лабораторијата „Колд Спринг Харбор“, каде што работеше со децении. Во 2007 година се пензионираше од престижната лабораторија во државата Њујорк откако даде расистички коментари, пренесе ДПА.

Вотсон, заедно со Франсис Крик и Морис Вилкинс, го направија револуционерното откритие во 1953 година дека структурата на ДНК е двојна спирала, што беше пресвртница во модерната медицина и молекуларната биологија.

Вотсон стана раководител на лабораторијата „Колд Спринг Харбор“ во 1968 година, претворајќи ја во голем центар за истражување на ракот. Тој, исто така, ја прошири нејзината работа во биологијата на растенијата и невронауката.

Во 2007 година, британскиот „Сандеј Тајмс“ објави интервју со Вотсон во кое тој сугерираше дека црнците се помалку интелигентни од белците.

Истражувачот потоа поднесе оставка од својата позиција како шеф на лабораторијата, а исто така се повлече и од јавниот живот. Подоцна ги повтори овие забелешки. Лабораторијата ги прекина сите преостанати врски со него.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Врнежливо до вторник, потоа стабилно и суво време
Следна Статија „Моите корени се азиски, а мојот пасош е српски“, вели Монголката која ќе ја претставува Србија на Мис Универзум

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Фото) Грешка во Google Maps предизвика сообраќаeн хаос во Германија

Грешка во апликацијата Google Maps ги збуни возачите на германските автопати, откако покажа голем број црвени точки на знакот „стоп“.…

May 31, 2025
СВЕТ

Маск ги објави резултатите од тестот за дрога

Американскиот мултимилијардер Илон Маск на социјалната мрежа „Икс“ ги објави резултатите од тестот за дрога. „Лол“, напиша Маск споделувајќи фотографија…

June 17, 2025
СВЕТ

Гардијан: Економските последици од војната во Иран би можеле да доведат до изборен пораз на Трамп

Војната во Иран е многу непопуларна кај Американците, а зголемувањето на цените на нафтата ќе значи повисоки цени на долг…

March 15, 2026
СВЕТ

Анализа: Путин дури и не сака да го изговори името на Зеленски; „Ќе се сретне со него под еден услов“

Презирот на претседателот Владимир Путин кон својот украински колега е толку длабок што речиси никогаш не го кажува неговот име.…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?