Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мило Ѓукановиќ во „Бизнис-клуб плус“: „Инфраструктурата е значаен фактор за развој на државата и за привлекување странски инвестиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мило Ѓукановиќ во „Бизнис-клуб плус“: „Инфраструктурата е значаен фактор за развој на државата и за привлекување странски инвестиции
ЕКОНОМИЈА

Мило Ѓукановиќ во „Бизнис-клуб плус“: „Инфраструктурата е значаен фактор за развој на државата и за привлекување странски инвестиции

Објавено November 10, 2025 10:20
Сподели
Сподели

„Инфраструктурата е предуслов за инвестиции и за развој затоа што ако инвеститорот согледа дека вложувате во инфраструктурата, ве препознава како сериозен партнер“, истакна Мило Ѓукановиќ, поранешен премиер и претседател на Црна Гора и стопанственик, во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб плус“ со Бранко Азески.

Запрашан какви се перспективите за Западен Балкан, тој потенцираше дека интеграцијата во Европската Унија претставува стратешка нужност, но нагласи дека земјите од Западен Балкан мора да си ги исполнат реформските обврски и да покажат политичка зрелост, бидејќи не верува дека ќе ни прогледаат низ прсти ниту, пак, дека ќе нѐ примат преку ред. Според него, земјите кои биле примени преку ред, поради некои геополитички односи, органски не припаѓаат во Европската Унија и додаде:

„Мора да ги исполниме домашните обврски, односно земјите на Западен Балкан да ги довршат реформите што ги започнале за да се искористи расположението на Европската Унија за завршување на процесот на проширување. Но, тоа бара посветеност. За Западен Балкан би било погубно продолжувањето на процесот на самоизолација затоа што културно и културолошки припаѓаме во Европа.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп
Следна Статија Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Идната недела ќе се одржи состанокот со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски очекува идната недела да се одржи состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем. Тој ќе настојува…

November 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р…

June 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето износ согласно законското усогласување што се прави во март. Тоа…

March 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон

Условите за враќање и каматните стапки за средствата од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство ќе бидат подобри од…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?