Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Јаневска на настан му сугерираше на Касами да зборува на македонски, од Вреди ја искараа оти не знаела албански
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Јаневска на настан му сугерираше на Касами да зборува на македонски, од Вреди ја искараа оти не знаела албански
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Јаневска на настан му сугерираше на Касами да зборува на македонски, од Вреди ја искараа оти не знаела албански

Објавено November 10, 2025 16:37
Сподели
Сподели

Владејачката коалиција ВЛЕН изрази жалење за пристапот што министерката за образование Весна Јаневска го имаше за време на вчерашниот јавен настап во Тетово. Одговарајќи на новинарски прашања со тетовскиот градоначалник Билал Касами пред панел-дискусија во Тетово, таа неколкупати му сугерираше да зборува на македонски јазик за, како што кажа, да може да разберат и оние кои не знаат добро албански јазик.

Од ВЛЕН оценија дека потегот на Јаневска е спротивен на духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции и ѝ порачаа на министерката дека непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација.

„Наместо да се чувствува лошо што додека Касами зборува македонски и албански, таа, и покрај тоа што живее во повеќејазична средина не знае ниту еден збор на албански, министерката Јаневска реагираше зашто не разбира албански јазик. Во едно демократско и мултиетничко општество, кога дури и странски дипломати кои престојуваат во нашата земја учат зборови на албански, да бидеш министер, па дури и министер за образование, а да не знаеш ниту еден збор од јазикот на сограѓаните Албанци и да реагираш на употребата на албанскиот јазик, е тешко да се преведе во услови на коегзистенција, граѓанство и почитување на другите во едно мултијазично општество“,порачаа од ВЛЕН, додавајќи дека почитувањето на јазиците што се говорат во земјава е почитување на граѓаните и на самата држава во која тие се обединети.

Настанот за кој реагираат од ВЛЕН се случи пред вчерашната панел-дискусија во Тетово во рамките на кампањата на МОН, „Магијата е во знаењето“, кога Јаневска и тетовскиот градоначалник Билал Касами даваа изјава за медиумите.

„Ве молам, градоначалник, накратко само, за да разбереме и ние кои не знаеме добро албански… Извинете, накратко само кажете ни што зборувавте ве молам, ве молам“,рече Јаневска обраќајќи му се на Касами, кој одговараше новинарски прашања на албански јазик.

„Да завршам на албански и ќе кажам и на македонски“,ѝ возврати тетовскиот градоначалник.

„А, добро, во ред, фала ви“,рече Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Триесет и еден питомец и 28 слушатели положија заклетва на Воената академија
Следна Статија Ле Риголер: Извештајот од ЕК е вистинско охрабрување за земјата да продолжи со реформите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници

Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците

Уставниот суд на Македонија денеска одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Струга Ќура ќе го продава службеното возило на Мерко, а најави откази на сите што не одат на работа

Новиот градоначалник на општина Струга, Менди Ќура, денеска официјално ја презеде функцијата од Рамиз Мерко, по што најави серија одлуки…

November 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Црвениот крст исплати над 11,2 милиони денари на 18 настрадани од пожарот во Кочани

Црвениот крст на Македонија на 27 февруари 2026 година ја изврши последната исплата од собраните средства за настраданите од пожарот…

March 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?