Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?
ПОЛИТИКА

СДСМ: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

Објавено November 16, 2025 12:23
Сподели
Сподели

Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни клиники, изјави Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Во продолжение прес конференцијата

Наместо експресна реакција, наместо објавување на сите информации, наместо одговорност власта со денови молчи.

Сè уште нема изнесено целосни информации пред граѓаните, не е објавен извештајот, инволвираните, кои се лекарите, кои се приватните клиники.

Се крие од јавноста кој од докторите дал индикации за операциите. И сè уште нема поднесено ниту една кривична пријава.

Не може злоупотреба на здравствената професија за профит на поединци вака да се третира.

Што се чека? Како некој да се обидува да го заташка овој монструозен случај.

Дали некому му се дава време да ги сокрие трагите, да „исчисти” документи?

Вакво однесување е неспоиво со одговорна, транспарентна и сериозна држава.

Емоцијата на скандалот е поголема од бројките затоа што станува збор за човечки животи. Зборуваме за луѓе кои преживеале пекол а сега дознаваат дека нивната операција била непотребна. Дека некој ги гледал како профит, како средство за нечие богатење.

Не може вакви скандали да се заташкаат.

СДСМ ќе се бори за објавување на целата вистина и за одговорност.

Бараме:

1.Итно јавно објавување на извештајот, во фазата во која се наоѓа, без доработки и без прикривање.

2.Објавување на сите имиња на доктори кои дале индикација за операциите. Ова е клучно за понатамошната разврска на случајот.

3.Објавување на имињата на сите приватни клиники и субјекти вклучени во процесот и носењето одлуки

4.Веднаш поднесување кривични пријави без никакво одложување.

5.Психолошка и правна поддршка за пациентите и за семејствата кои поминале низ овој кошмар.

Ова е тежок скандал кој мора да биде третиран со максимална транспарентност и максимална одговорност.

Јавноста ја заслужува целата вистина. Секој што учествувал во овој монструозен синџир мора да одговара.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во образованието да вклучиме и планинарење и да ја афирмираме филозофијата на здрав живот, истакна Силјановска Давкова
Следна Статија Казни и заплени за десетици оператори со небезбедна храна во близина на училиштата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети бара поддршка од Трамп, Фон дер Лајен и Макрон за „зачувување на достигнувањата“ од Охридскиот договор

Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека претседателот на партијата, Али Ахмети го испратил своето отворено писмо до локалната…

April 9, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Изјавите и прес-конференциите што доаѓаат од СДСМ се збунувачки и на моменти чудни. Немаат цел да ја кажат вистината, туку…

April 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува…

September 3, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028 година

Економска криза, а потоа и „мигранти за пари“, се сценаријата што ја очекуваат државата, вели лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз…

February 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?