Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Реформи нема, извештајот за Македонија е еден од најлошите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Реформи нема, извештајот за Македонија е еден од најлошите
ПОЛИТИКА

Филипче: Реформи нема, извештајот за Македонија е еден од најлошите

Објавено November 17, 2025 14:11
Сподели
Сподели

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и лидер на СДСМ Венко Филипче, на денешната заедничка седница на НСЕ и Комисијата за европски прашања на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за земјава, упати критики за состојбата со реформите и европскиот пат на државата, нагласувајќи дека Македонија стои во место, а Владата нема политичка волја за суштински реформи.

-Овој извештај јасно кажува дека реформи нема, го губиме времето. Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила. Полош е само тој во 2015 година, кога сме оценети како заробена држава, рече Филипче.

Тој истакна дека нема напредок во клучни области и дека државата ризикува нови услови за отворање на преговорите.

-Нема напредок во клучните области. Од тука се гледа дека оваа влада нема политичка волја да ги направи реформите, жалам што денеска слушам, дека денеска и овој период не бил време за реформи. Ако до минатата година имаше само еден услов, после еден таков извештај, не сум сигурен дека понатаму нема да имаме и други услови, додаде Филипче.

Филипче ги истакна забелешките на Европската комисија за правосудството, борбата против корупцијата, медиумските реформи, економијата и образованието, сектори во кои, според ЕК, нема напредок или е забележано назадување.

-И сега трендовите не се поразлични. Владата се обидува да ги покрие и да врши влијание на сите независни институции што се надвор од извршната власт. Најмногу, најсилно на судската власт, јавен и јасен притисок што за првпат предизвика од 1991 година јасна реакција од судската фела, преседан, би рекол општествен, не само во државата, рече тој.

Тој на седницата посочи дека забелешките на Европската комисија укажуваат на сериозни слабости во економското управување и неспроведувањето на неопходните реформи и предупреди на сериозноста на укажувањата на ЕК во делот на економските политики.

-Во тој дел Европската комисија утврдува дека владата нема напредок во клучните реформи поврзани со економските критериуми. Доцни со плановите за фискална консолидација, ги одложи сите планови за имплементација на Закон за органски буџет, кој требаше да започне во 2025 година, рече Филипче.

На седницата, Филипче посочи дека Владата не изразила интерес за последната транша од макрофинансиската поддршка од ЕУ, која е поврзана со правење неопходни реформи, а претставува неповратна финансиска помош

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Растот на македонскиот БДП ќе забрзува во следните две години, смета ЕК
Следна Статија Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, а и денес преферира двојни стандарди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за…

April 5, 2025
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Не успеа планот на ДУИ со Таравари да дојде до распад во коалицијата

Од ВЛЕН денеска порачаа дека се пообединети од кога било и дека излегувањето на Арбен Таравари било обид на ДУИ…

May 18, 2025
ПОЛИТИКА

Фрчкоски: Го објавуваме енергетскиот октопод на Мицкоски поврзан со СНС, „Руднап“ и Адамовиќ

Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека е дел од бизнис мрежа во енергетиката, која се…

March 15, 2026
ПОЛИТИКА

Касами: Поединци ја напуштаат Алијанса за Албанците, останатите ќе се интегрираат во новата партија „Вреди“

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами по оставките на дел од владините функционери од редовите на Алијанса за Албанците (АА),…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?