Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дождот направи проблеми во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дождот направи проблеми во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат
МАКЕДОНИЈА

Дождот направи проблеми во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Објавено November 18, 2025 15:59
Сподели
Сподели

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелираат на зголемена внимателност особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, поради интензивните врнежи од дожд.

Од ЦУК информираат дека обилните дождови предизвикале проблеми со апсорпцијата на атмосферската и фекалната канализација во урбаните делови на Тетово.

Проблемот довел до задржување на вода и создавање големи водени површини под подвозниците и надвозниците.

ЦУК апелира до граѓаните за зголемена внимателност при движење низ улиците и препорачува избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.

Од Центарот за управување со кризи велат дека надлежните екипи се веќе на терен и активно работат на надминување на состојбата.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека денеска ќе има повремени локални врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни со над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Од УХМР велат и дека локално се очекува невреме со засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на ретки грмежи.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кевин О’Конел внимателно планира стратегија за Џ.Џ. Маккарти и тимот
Следна Статија Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ОЈО Скопје: Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски…

February 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

За две години институциите набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Во истражување на Центарот за граѓански комуникации за набавка на патничките возила на државните институции во 2023 и во 2024…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скоро 1000 бесправно изградени објекти се регистрирани лани во Македонија

Во Македонија, вкупно 911 бесправно изградени објекти се регистрирани во текот на 2025 година, според податоците објавени од Државниот завод…

July 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сопругата на Панчо со емотивна порака: „Не се договоривме вака, љубов моја…“

Со емотивна порака на социјалните мрежи од Владимир Блажев – Панчо од ДНК, се прости и неговата сопруга Маја. -Не…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?