Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков до Тренчевска: Законите ги подготвуваме низ јавен и транспарентен процес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филков до Тренчевска: Законите ги подготвуваме низ јавен и транспарентен процес
ПОЛИТИКА

Филков до Тренчевска: Законите ги подготвуваме низ јавен и транспарентен процес

Објавено November 18, 2025 18:08
Сподели
Сподели

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Тренчевска од СДСМ за Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и наводите за реформите во делот на Кривичниот законик, Законот за парнична постапка и АКМИС-от, рече дека Министерството за правда во изминатите 18 месеци има доставено во владина процедура и подготвено повеќе закони кои се дел од Реформската агенда, нешто што во изминатите години не било случено, информираат од Министерството за правда.

,, Ако добро се сеќавам вие бевте министер во Владата каде што беа донесени штетните измени на КЗ, дали таа година немаше извештаи , дали вие реагиравте кога се носеа штетните измени? Законот за парнична постапка ако беше добар ќе го донесевте, мораше да се доработува и повторно е пуштен во владина процедура.”, образложи министерот Филков.

Сите закони, според министерот Филков се работени низ јавен и транспарентен процес.

,, Тука би ги споменал трите клучни закони, Законот за Судски совет, Законот за јавно обвинителство и Законот за Совет на јавни обвинители. Овие закони добија позитивно мислење од Венецијанската комисија . Законите се работени во јавен и транспарентен процес, не се носени во висококатница на Дубаи ниту на јахта во Халкидики. Повеќе нема да носиме закони во интерес на поединци и фамилии. Во однос на Кривичниот законик, воопшто да не се секирате, тој ќе биде донесен и очекувам поддршка од вас”,и порача Филков на Тренчевска.

Осврнувајќи се на наводите за недостиг на кадар во судството и јавното обвинителство, министерот Филков соопшти дека во последните пет години во пензија заминале вкупно 154 судии, активни се 294 од 456 систематизирани места.

,, Во 2020 година се пензионирале 7 судии, во 2021-8,2022-фантастични 64,2023-43,2024-25,2025-7 судии.Вкупно 53 јавни обвинители се заминати во пензија за пет години. Сега да ве прашам кога зборуватете за судството мислите за ова судство што вие ги пензиониравте во изминатите години кога бевте на власт, намерно или случајно беа овие бројки”, потенцира Филков.

Во однос на АКМИС-от, министерот Филков информираше дека Министерството за правда во изминатите 18 месеци има направено по две контроли во секој суд во државата, нешто што во изминатите години не се случило.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Трамп до новинарка: Замолчи свињо
Следна Статија Повеќечасовен пад на „Клаудфлер“ предизвика хаос кај дел од глобалната Интернет мрежа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Уште два дена кампања за повторените локални избори во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Во недела на 11 јануари во земјава треба да се одржат повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше,…

January 8, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време…

February 26, 2026
ПОЛИТИКА

„Дали Обвинителството штити од кривична одговорност функционери на СДС и ДУИ и во фиока го чува предметот Рекет 2“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДС и ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и заташкува.…

September 9, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче им порача на членовите на СДСМ да гласаат по сопствено убедување

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека во општините каде што СДСМ нема кандидат…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?