Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Судиите бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75% повеќе, кој успех го постигнаа за тој буџет?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Судиите бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75% повеќе, кој успех го постигнаа за тој буџет?
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Судиите бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75% повеќе, кој успех го постигнаа за тој буџет?

Објавено November 18, 2025 22:31
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма телевизија говорејќи на тема судство и обвинителство истакна дека судиите во земјава бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75% повеќе, но кои резултати ги покажаа судиите за да го добиваат тој буџет, и затоа не гледа причина за зголемување на таа сума.

„Ако зборуваме за буџетот една анализа да презентирам за македонските граѓани. Ова е европски извештај. Буџетот кој ние како држава го издвојуваме за правосудството е 0,39% од нашиот бруто домашен производ. За да знаат граѓаните соседна Грција издвојува 0,26%, Франција издвојува 0,2%, да одиме чекор понатаму, Германија издвојува 0,3%, а европскиот просек е 0,31% од бруто домашниот производ, а медијаната е 0,28%. Ние издвојуваме повеќе и од медијаната и од европскиот просек или во бројки, повеќе од 75% од земјите членки на ЕУ“, посочи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дури и земјите кои се стремат кон ЕУ издвојуваат помал буџет од Македонија, односно Албанија 0,295%, Молдавија 0,35%, Грузија 0,23% од сите имаме повеќе.

„Законот вели до 0,8%, Во новите измени на законот бараат минимум 0,8% и минимум 0,5% за обвинителството или вкупно 1,3%, што нема теоретски шанси, затоа што би било три пати повеќе од земјата што издвојува најмногу за правосудството во Европа. Судија почеток според европскиот извештај, годишно заработува 19.170 евра бруто плата, за Словенија од истиот извештај судија почетник заработува 34.101 евро бруто плата или некаде околу 80% повеќе, притоа бруто домашниот производ за Македонија е некаде 6,5 илјади евра, а за Словенија е 28 илјади евра. Или математички судија почетник во Словенија има 80% поголема бруто плата од судија почетник во Македонија, при три и пол пати поголем БДП од тој кој го имаме ние. Каква е пропорцијата тука“, вели премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи за јавноста да знае прецизно од еден суд во Македонија платите, претседателот на тој суд има плата околу 180.000 денари, околу 3.000 евра, неговата плата како премиер е 155.000 денари.

„Во регионот буџетот за судови, Албанија 0,17% од БДП, ние 0,30%, а Молдавија фронтранери кои напредуваат кон ЕУ 0,18%, Грузија 0,15%. Ова кажува дека буџетот кој владата го издвојува за правосудниот систем е повисок од 75% земји членки на Европската Унија, јас не гледам потреба за зголемување на таа сума, а што се однесува до делот одобрување на планот за вработување и унапредување, немам проблем, владата не се меша во судството, но владата е одговорна за трошењето на секој денар народни пари, а кога тие пари ги троши некој орган од управата на државата, логично е да државата се грижи за тоа“, изјави премиерот Мицкоски. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија поразена од Велс, за пласман на СП ќе се бориме по потешкиот пат
Следна Статија Трамп: Саудиска Арабија се согласи да инвестира 600 милијарди долари во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Целта е смарт-Македонија која со својот ИТ-кадар успева да се развие и да стане дигитално трансформирана држава

Формирањето на Министерството за дигитална трансформација беше стратешка одлука затоа што додека државите во регионот со забрзано темпо чекореа кон…

February 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен оглас за 300 професионални војници: Мисајловски со повик до сите млади кои што ја сакаaт Македонија да се пријават на конкурсот

Денеска е овјавен оглас за нови 300 професионални војници во Армијата, информираше министерот за одбрана Владо Мисајловски при неговата посета…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека попладнево во министерството бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји

Со потпишувањето на партнерството  Влада со Влада се одбележува нова ера во односите меѓу Велика Британија и Македонија, што ќе ја зголеми…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?