Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фатени крадци и помагачи кои краделе од рудникот Бучим
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Фатени крадци и помагачи кои краделе од рудникот Бучим
ХРОНИКА

Фатени крадци и помагачи кои краделе од рудникот Бучим

Објавено November 19, 2025 12:09
Сподели
Сподели

На 18.11.2025 во 09:00 часот на стариот магистрален пат Струмица-Радовиш, во близина на село Владевци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода А.Д.(31) и К.И.(19), двајцата од Струмица.

При преглед на товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати лицата, пронајдени се делови од генератор. Истиот ден во 12:30 часот во близина на село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода и Е.У.(45) од Струмица затоа што при преглед на товарно возило „форд“ струмички регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени се генератор, алат и други предмети.

Во службени разговори во полициска станица лицата изјавиле дека предметите ги украле од рудник „Бучим“ во Радовиш, а воедно признале дека и претходно имале извршено вакви дела, по што одземените предмети ги продавале на лицето А.Ш.(43) од Струмица. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на А.Ш., при што во негова близина пронајдена е поголема количина на складиран отпад и стари возила, информира МВР.

Притоа, инспектор за животна средина утврди дека има складирано поголема количина на отпад со кој А.Ш. и Е.Д. неовластено тргуваат и дека на тој начин истите вршат кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.

Во врска со настанот, од слобода е лишен и В.А.(32) од Радовиш, вработен во рудникот „Бучим“, кој се сомничи дека за одреден паричен надомест дозволувал на лицата преку спореден влез да влегуваат во кругот на рудникот и да ги одземаат предметите.

Лицата се задржани во полициските станици во Струмица и Радовиш, за настанот е запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одбраната на Нацев уште на првиот ден побара одлагање на рочиштето
Следна Статија Кривични пријави за Мерко и четири други лица за уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина повредениот во престрелката на Бит пазар

Почина повредениот во престрелката кај Бит пазар во непосредна близина на полициската станица кој со тешки повреди беше пренесен на…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Екс македонска ракометарка е професорката фатена во криминал со издавање лични документи

Поранешна легендарна ракометарка од Скопје, двајца полицајци и еден пожарникар се осомничени дека примале поткуп од граѓани, на кои им…

February 6, 2026
ХРОНИКА

Турски државјанин заврши во притвор, дал поткуп од 100 евра за да влезе во Македонија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил…

October 31, 2024
ХРОНИКА

Битолчанец се удавил во Охридското езеро

Четириесетидеветгодишен Битолчанец се удавил вчера во водите на Охридското Езеро. Како што информираат од полицијата, на 27 август во 12.55…

August 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?