Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривични пријави за Мерко и четири други лица за уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Кривични пријави за Мерко и четири други лица за уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга
Blog

Кривични пријави за Мерко и четири други лица за уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга

Објавено November 19, 2025 12:11
Сподели
Сподели

Струшката полиција поднесе кривични пријави против пет лица поврзани со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Меѓу петмината е и поранешниот градоначалник на Струга Рамис Мерко, кој се товари за „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според информацијата, ОВР Струга поднело кривична пријава против Н.К.(53) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”. Против В.Н.(62) од Охрид за „Несовесно работење на службата“ како и против Р.М.(68), Н.Н.(56) и Ѓ.Д.(59) сите од Струга, за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување”.

– Првопријавениот, на 15 октомври годинава, како инвеститор на катарстарска парцела во Струга, спротивно на решението за издавање заштитно конзерваторски услови, со градежна механизација срушил стара струшка куќа и при правење ископ, ги поткопал темелите од јужниот ѕид на соседната спомен куќа-музеј на Владо Малески, која од 2017 година, претставува споменик заштитен како значајно културно наследство, појасни пoртпаролот Стефан Димоски.

Второпријавената, додаде, во својство на архитект – конзерватор во Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид“, на основниот проект за семејна куќа, втиснала службен печат, ставила потпис и одобрила мислење за усогласеност со идеен проект со што, свесно постапила спротивно на Законот за заштита на културното наследство, спротивно на планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и спротивно на решението за издавање на заштитно конзерваторски услови, издадено од Министерство за култура, Управа за заштита на културно наследство.

– Третопријавениот, во својство на градоначалник на Струга, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги овластувањата, свесно и спротивно на актите од Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и решението од Управата за културно наследство, потпишал одобрение за градење на семејната куќа од првопријавениот. Четвртопријавениот, со пречекорување на службената положба, овластувањата, како раководител на Oдделението за урбанизам го изготвил одобрението за градење, а го одобрил петтопријавениот како, помошник раководител на Сектор за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина во општина Струга, изјави Димоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фатени крадци и помагачи кои краделе од рудникот Бучим
Следна Статија Сообраќајот кај „Јасен“ во прекин поради одрон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Манчестер Сити со голема победа до првото место во Премиер лигата

Екипата на Манчестер Сити се искачи на првата позиција на табелата во Премеир лигата откако во првиот денешен дуел од…

December 27, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Водолија – вторник, 11 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Деновиве Водолиите ќе се трудат да ја изградат својата стабилна самодоверба со помош на своите…

February 11, 2025
Blog

Познат ланец за брза храна затвора 140 ресторани

Американскиот ланец на ресторани за брза храна „Вендис“ затвора 140 ресторани во следните неколку месеци, соопшти менаџментот на компанијата. Сепак,…

November 2, 2024
Blog

Алкалоид со извоз од 160,4 милиони евра, инвестиции од 15 милиони евра

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2025 година продажбите достигнуваат 10.180.866.920 денари, што…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?