Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секој десетти човек над 40 години има ХОББ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Секој десетти човек над 40 години има ХОББ
ЗДРАВЈЕ

Секој десетти човек над 40 години има ХОББ

Објавено November 19, 2025 15:26
Сподели
Сподели

Пушењето и загадувањето на воздухот се главните причини за појава на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ). Неопходно е да се зголеми свеста за ХОББ, која е во топ три причини за смртност на светско ниво и од која годишно умираат по три милиони луѓе. При појава на симптоми, како што се хроничната кашлица и искашлувањето секрет, отежнатото дишење, луѓето треба веднаш да отидат на преглед. Се претпоставува дека над 100.000 луѓе во државава имаат ХОББ. Секој десетти човек над 40 години ја има болеста, истакнуваат докторите.

– Според податоците кои ги има Глобалната иницијатива за ХОББ, државите пријавуваат околу пет проценти преваленца, што би значело дека 100.000 лица имаат ХОББ, но во реалноста се смета дека бројот е повисок, изјави денеска доц. д-р Зорица Нановиќ, раководител на оддел во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза пред почетокот на бесплатните прегледи за проценка на дишната функција, организирани од Институтот и Здружението на пневмофтизиолози во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на ХОББ.

Според д-р Нановиќ, навременото дијагностицирање и лекување води кон поквалитетен живот.

– За жал, нема регистар за бројот на пациенти со ХОББ. Во овие зимски месеци кога аерозагадувањето е поголемо има емпириски многу поголема навалица во болницата и за амбулантски прегледи и за хоспитално лекување. Децата кои имаат родители кои пушат во домот треба да бидат поштедени од вдишување чад од цигари. Триесет и седум проценти од населението во Македонија се пушачи. Најчестите симптоми се хроничната кашлица и искашлувањето секрет. Отежнатото дишење, пушачите го поврзуваат со цигарите, но поминува долг период време, подмолно се провлекува болеста и кога ќе се јават на доктор поради игнорирање на овие симптоми болеста е во напреден стадиум, рече д-р Нановиќ.

Таа посочи дека неопходно е веднаш при појава на овие симптоми луѓето да се јават на доктор, а терапијата која се зема во раните стадиуми може да помогне да се намалат симптомите, да се подобри квалитетот на живот и да се успори напредувањето на болеста.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, проф.д-р Димитар Каркински изјави дека Институтот денеска се приклучува кон акцијата за подигнување на свеста за хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ), која, за жал, е во топ три причини за смртност на светско ниво и годишно умираат по три милиони луѓе. Се проценува дека до 2050 година би треба да биде втора причина за смртност и ќе умираат шест милиони луѓе годишно на светско ниво.

– Според епидемиолошките статистики за лица над 40 години ХОББ се јавува 11,8 отсто кај мажи и 8,5 отсто кај жени или просечно 10,3 отсто. Значи секој десетти човек над 40 години има ХОББ. Сведоци сме дека толку пациенти не доаѓаат во ординациите за да се жалат на симптоми, ниту ние дијагностицираме толку пациенти, ниту тие кои се веќе дијагностицирани ја земаат препишаната терапија. Оваа болест е непрепознаена од пациентите и субдијагностицирана од докторите, рече д-р Каркински.

Според него, има повеќе причини за појава на ХОББ, а прва причина е пушењето цигари. Тој појасни дека има податоци дека повеќе од 50 отсто од луѓето кои пушат повеќе од две кутии дневно добиваат ХОББ.

– Кај нас деца на возраст од шест, седум години почнуваат со пушење. Сега е тренд на електронски цигари, се лажат и децата и родителите дека тоа не е пушење. Всушност тоа е подготовка за започнување со пушење. Цигарите прво ги оштетуваат крвните садови, коронарните артерии, предизвикуваат инфаркт, мозочен удар, атрофија на мозокот, невролошки проблеми. Проблемите со белите дробови прво почнува хроничен бронхитис. Значи секој пушач од 35 до 59 години, секој трет пушач има хроничен бронхитис, а над 60 години секој втор пушач има хроничен бронхитис, па после доаѓа ХОББ, а на крај ако пациентот се ова го преживее доаѓа карцином на бели дробови, простата, желудник и црева. Значи пушењето е број еден причина за ХОББ и за други болести, рече д-р Каркински.

Потенцира дека причина број два за појава на ХОББ е загадувањето на воздухот.

– Македонија е во топ три земји по процент на пушачи во Европа, а Скопје е меѓу најзагадените градови во светот. Пациентите за жал само кога имаат мака доаѓаат. Мора да се подигне свеста на пациентите за штетноста на цигарите, додаде д-р Каркински.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пренџов: Буџетската расправа треба да е дискусија за бројки и проекти, а не обид за подгревање на меѓуетнички тензии
Следна Статија Ковачев: Тие што сакаат бугарски пасош треба да се сликаат со знамето и грбот на Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

До две години ќе трае рехабилитацијата на 43 потешко повредени пациенти од Кочани

Во странство се лекуваат 44 повредени од пожарот од Кочани, информираше денеска во Куманово, министерот за здравство Арбен Таравари. Таравари…

April 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Откритие што ќе доведе до нови начини за лекување РАК: Доделена Нобеловата награда за медицина

Двајцата истражувачи од Масачусетс ја добија Нобеловата награда за медицина. Американските професори Виктор Амброз и Гери Рувкун денеска беа наградени…

October 7, 2024
ЗДРАВЈЕ

Студент од Јамајка измислил квака што се дезинфицира сама

Кога  јамајканскиот студент Рејвон Стјуарт смислил функционален модел на квака што се дезинфицира сама по секој допир, неговиот изум бил…

August 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Кедев за кардиолошките операции: Стојам зад сè што кажав, има неправилности и треба да се расчистат

Стојам комплетно зад тоа што го кажав во врска со злоупотребите при кардиохируршки интервенции. Тоа го имам кажувано многупати и…

September 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?