Европратеникот Андреј Ковачев наведува дека луѓето кои сакаат да добијат бугарско државјанство мора да бидат фотографирани пред бугарското знаме и грб.
„За да добијат државјанство, тие го докажуваат своето бугарско потекло и потпишуваат документ во кој изјавуваат дека се чувствуваат како етнички Бугари. Треба да се воведе церемонија со фотографија за институционална комеморација пред знамето и грбот како знак на почит и свеченост, а треба да има и транспарентност преку јавен регистар“, рече бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за луѓето кои добиле бугарски пасоши и државјанство, со што ги докажале своите бугарски корени.
Во интервју за „24 часа.бг“, европратеникот, кој доаѓа од владејачката партија ГЕРБ, зборуваше за Македонија и нашиот европски пат. На прашањето дали верува дека политиката на Македонија ќе се промени или дека Бугарија повторно ќе изврши притисок од Европа да го прифати ставот на Скопје, европратеникот рече дека е „апсурдно да се верува во такво нешто“.