Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поројните дождови предизвикаа проблеми: Излевање на Пчиња, поплавени подруми во Охрид и ерозија во Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поројните дождови предизвикаа проблеми: Излевање на Пчиња, поплавени подруми во Охрид и ерозија во Битола
МАКЕДОНИЈА

Поројните дождови предизвикаа проблеми: Излевање на Пчиња, поплавени подруми во Охрид и ерозија во Битола

Објавено November 20, 2025 11:19
Сподели
Сподели

Голем одрон на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје преку НП „Јасен“ го прекина, а потоа го отежна сообраќајот, додека во битолско ерозија се заканува на стариот пат кон Пелистер.

Ова се дел од најкритичните точки каде интервенираа екипите на Регионалните центри за управување со кризи по обилните врнежи во изминатото деноноќие. Патот кај „Јасен“ сега е расчистен по една лента, а се работи на целосно обезбедување на трасата.

Поради ерозија на патот кон Пелистер и кај селото Цапари, надлежните предложија привремено затворање на стариот пат Р-106 и пренасочување на возилата по патот А-3. Во Битола механизација работи и на расчистување наноси и зајакнување на насипите на речните корита.

Во кумановско, реката Пчиња накратко се излеа кај потегот Пелинце – Стрновац, но без штети. Екипите ги чистат мостовите во Коинце и Пелинце од наталожените дрва и отпад, а нивната стабилност не е загрозена.

Во Охрид, диво ископани канали предизвикаа поплавување на подруми во населбата Железничка, додека во Кичево најризична точка е делот кај улицата Прилепска, каде е побарана итна интервенција од општината.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таргет подготвен да ги објави финансиските резултати: Очекувања и предизвици
Следна Статија Голема Cloudflare прекршување која симна ChatGPT, X и Spotify – еве што се случи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Шеснаесет минути молк и ѕвездено небо во Скопје во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Со 16 минутен молк на плоштад „Македонија“ во Скопје започна собирот на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се манипулира со темата Балансер, ЕУ констатира дека е злоупотребен од минатата власт и работиме на ново решение

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 говорејќи околу укинувањето на балансерот истакна…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гордана Јанкуловска: Борбата за правда продолжува

Борбата за правда прододолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди…

January 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Промена на раководството на СВР Штип и ОВР Кочани со цел обезбедување ефикасна и непристрасна истрага

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во изјава за медиумите изјави дека со цел обезбедување на ефикасна и независна истрага…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?