Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Наша цел е државата да биде кредибилна земја членка на НАТО, посветена на евроинтеграцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Муцунски: Наша цел е државата да биде кредибилна земја членка на НАТО, посветена на евроинтеграцијата
ПОЛИТИКА

Муцунски: Наша цел е државата да биде кредибилна земја членка на НАТО, посветена на евроинтеграцијата

Објавено October 21, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Говорејќи за активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Муцунски на денешната трибина „100% за тебе“ насловена „Унапредување на дипломатијата и надворешната трговија, интеграцијата во ЕУ и дигиталната трансформација“, истакна дека во првите 100 дена фокусот во ресорот со кој тој раководи бил ставен на поставување на темелите на тоа што треба да се работи во делот на меѓународната политика, но и многу поважно на градење на стратешкиот пристап за понатамошното димензионирање на меѓународната политика. Притоа тој нагласи дека во првите сто дена приоритетот бил ставен на надворешна политика заснована на одржливи и долгорочни приоритети, а воедно ги напомена и активностите насочени кон интеграција во Европската Унија, како и целосната усогласеност на државата со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, поддршката на Украина и важноста почитувањето на меѓународното право во таа насока.

Муцунски говореше и на активностите во делот на мултилатералното работење, а како посебно достигнување на успешната меѓународната политика го нагласи прифаќањето на кандидатурата на Република Македонија за член во Советот на човекови права на ОН и кандидатура за членство во Организацијата за забрана на хемиско оружје. Во оваа насока тој додаде дека и во иднина ќе се работи на зголемена и активна улога во меѓународните организации и одлични билатерални односи со сите меѓународни партнери и не само политички, туку и економски релации кои помеѓу другото ќе бидат во насока на заштита на деловниот интерес на домашните компании во странство.

Наша цел е Република Македонија да биде кредибилна земја членка на НАТО, силен партнер во сите меѓународните организации, посветена на евроинтеграцијата во Европската Унија“, нагласи министерот за надворешни работи и надворешна трговија во своето обраќање.

Муцунски се осврна и на новите надлежности на МНРНТ во делот на надворешната трговија и во таа насока тој информираше дека во финална фаза е изработката на нацрт верзија на Законот за надворешни работи, кој има цел во министерството со кое тој раководи да ги интегрира сите формални надлежности поврзани со надворешната трговија, со што ќе ги направи дипломатско – конзуларни претставништва поангажирани во делот на привлекување на странски инвестиции, што пак ќе резултира со отворање на нови работни места. Муцунски информираше и за процесот на спојување на Агенцијата за странски инвестиции и Дирекцијата за технолошки индустриски и развојни зони, а Министерството ќе остане да биде креатор на политиките во делот на надворешната трговија и странски инвестиции.

Тој се осврна и на активностите во делот на привлекување странски инвестиции во чии рамки во изминатиот период се остварени средби со приватни компании и стопански комари, каде дел од приватните компании веќе пројавиле интерес за инвестирање во нашата држава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски од Салцбург: Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања
Следна Статија Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи

Поради обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија земјава, на повеќе локации се регистрирани поплави, излевања на реки,…

January 11, 2026
ПОЛИТИКА

Николоски: Во СДСМ се очајни па го вклучуваат во кампања Пендаровски кого минатата година народот го порази

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во општина Прилеп, одржан во рамки на изборната…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Стојаноски: СДС и ДУИ здружени и во опозиција гласаат против закони во корист на безбедноста на граѓаните

Во Собранието вчера при усвојување на измените на Законот за прекршоци потребен да почне и официјално со функционирање системот безбеден…

January 24, 2026
ПОЛИТИКА

Лефков: Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за истата

Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за истата, изјави Миле…

February 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?