Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доаѓа нов бран на обилни дождови, снег и снежна покривка ќе има на планините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Доаѓа нов бран на обилни дождови, снег и снежна покривка ќе има на планините
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа нов бран на обилни дождови, снег и снежна покривка ќе има на планините

Објавено November 22, 2025 12:34
Сподели
Сподели

Под влијание на циклонска активност од Џенова но и продор на поладен воздух од север овој викенд ни следува поголемо заладување на времето особено утре (Недела 23 ноември). Токму оваа циклонска активност кај нас ќе донесе нови обилни врнежи од дожд на повеќе места во Македонија а можна е и појава на грмежи и силен ветер од јужен правец. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме, прогнозира Славчо Попоски.

Се очекува локално да наврне големо количество на дожд, и тоа над 35 литри дожд.

И во Скопје и околината овој викенд ќе имаме повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат пообилни и поројни и проследени со засилен јужен ветер и со услови за појава на грмежи. Поради заладувањето особено ноќта кон недела и во недела 23 ноември на планините над 1200 метри врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и очекувам формирање на снежна покривка, објави Попоски.

Што се однесува до температурите тие од недела ќе бидат во позначително опаѓање и максималните дневни температури кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 5 д 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 10 степени.

Поради очекуваните нови обилни дождови во Македонија повторно растат условите за ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, а постои опасност од нови поплавувања.

Попоски апелира возачите да внимаваат како управуваат со своите возила а тоа значи да не се движат покрај водотеците и тоа поради очекуваните нови обилни дождови.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Биловите паѓаат во плеј-оф сликата по загубата и можат да паднат уште повеќе во недела
Следна Статија Прв поглед на новиот лансирен трејлер за Destiny 2 Renegades

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Евробарометар: Малтежаните силно ја поддржуваат македонската и албанската кандидатура за членство во ЕУ

Македонија и Албанија се најпосакуваните кандидати за членство во Европската Унија меѓу граѓаните на Малта, покажува анкетата на Евробарометар, пренесува…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска во Тетово повторно беше прашана дали носи преведувач

Министерката за образование Весна Јаневска  при посетата на Тетово вчера беше прашана од новинар дали со себе донела преведувач, на…

March 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кирков: ЈСП е како буре без дно, ги повикувам надлежните да проверат што се случува таму

„Овде се работи за непрофесионално и неодговорно работење од страна на ЈСП’’, изјави Стефан Кирков, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи

Денес Скопје е домаќин на една важна посета, присуството на претседателот на Европскиот совет г-динот Кошта, не е само потврда…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?