Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За победа на Трамп можете да се обложите и во биткоинти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > За победа на Трамп можете да се обложите и во биткоинти
СВЕТ

За победа на Трамп можете да се обложите и во биткоинти

Објавено October 21, 2024 18:45
Сподели
Сподели

По првичните загуби на азиските берзи, повеќето главни регионални индекси се во зелено на почетокот на неделата, бидејќи инвеститорите проценуваат какво влијание ќе има најновиот потег на кинеските власти врз забавената економија, а фокусот е и на општите избори во Јапонија , што ќе се одржат кон крајот на неделата, пренесе Хина.

Индексот MSCI на азиските берзи околу 6 часа беше во благ пораст за 0,11 отсто, како одраз на претпазливоста на инвеститорите откако индексите на американските берзи пораснаа шеста недела по ред. Истовремено, јапонскиот Никеи порасна за 0,26 отсто, додека австралиските и шангајските берзански индекси зајакнаа за приближно 0,8 отсто, а берзанскиот индекс на Хонг Конг ослабе за половина отсто.

Кинеската централна банка ги намали клучните каматни стапки за 25 базични поени, па сега е 3,1 отсто за заеми до една година и 3,6 отсто за пет години. Учесниците на пазарот очекуваа ваква одлука, па затоа пазарот остана претпазлив, додека се чекаат натамошни потези и најави од кинеските претставници поврзани со економски стимулации, што може да потрае.

„Можеби ќе треба да почекаме до крајот на октомври или почетокот на ноември за конкретни планови од состанокот на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес“, рече Чаопинг Жу, стратег за глобален пазар во Ј.П. Morgan Asset Management во Шангај.

Две недели пред претседателските избори во САД, кај некои финансиски инструменти растат облозите за победа на Доналд Трамп. Царинската, даночна и имиграциска политика на републиканскиот кандидат се сметаат за инфлаторни, па затоа се негативни за обврзниците, а позитивни за доларот. Се верува дека Трамп има попозитивен став кон криптовалутите.

„Се чини дека Трамп е во предност во клучните држави во бојното поле, што сугерира дека е прилично добро позициониран да се врати во Белата куќа, и мислам дека пазарите почнаа да го земаат тоа предвид минатата недела со посилните цени на акциите, повисоките приноси, американскиот долар што добро котира и со биткоинот, што е на добар пат за зголемување од 10 проценти во споредба со претходната недела“, изјави Тони Сајкамор, пазарен аналитичар во IG.

Биткоинот моментално е во пораст за 0,5 отсто, на 69.100 долари, а во текот на денешното тргување го достигна највисокото ниво од јули, 69.487 долари. Најголемата криптовалута во светот минатата недела се зголеми за 9,6 отсто и е во пораст од осум отсто од почетокот на месецот.

Индексот на доларот, што ги мери перформансите на САД во однос на кошницата од шесте најважни светски валути, стагнира на 103,46 поени, недалеку од највисокото ниво во повеќе од два месеци. Ова е само одраз на малите флуктуации на курсот на доларот во однос на еврото и јенот. Еврото утринава се тргува по 1.086 долари, а курсот на доларот е 149,27 евра речиси непроменет во однос на петокот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Синвар имал сеф со милиони во кеш, а жена му носела чанта „биркин“ од 32.000 долари
Следна Статија Фрлената бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово била активирана, но не експлодирала, соопшти полицијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД

Кина ќе воведе царини од 15 отсто на увозот на течен природен гас (LNG) и јаглен од САД како одговор…

February 4, 2025
СВЕТ

Напредок во воените разговори, но политичките прашања остануваат тешки, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дводневните разговори со Русија во Женева, одржани со посредство на САД, донеле мешани резултати…

February 18, 2026
СВЕТ

Мексиканскaта претседателка до Трамп: Северна Америка би можела да се вика Мексиканска Америка

Мексиканската претседателка, Клаудија Шејнбаум, денеска изјави дека Северна Америка, вклучително и Соединетите Американски Држави, може да се преименува во „Мексиканска…

January 9, 2025
СВЕТ

Технолошки лидери се соочуваат со предизвик во време на социјални тензии

Молчењето на високи извршни директори предизвика фрустрации додека Silicon Valley фигурите зборуваат против имиграционата политика

January 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?