Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во локал за 200 луѓе имало 700: Нема да дозволиме Кочани сценарио, безбедноста е прва, тврди Јанчев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во локал за 200 луѓе имало 700: Нема да дозволиме Кочани сценарио, безбедноста е прва, тврди Јанчев
МАКЕДОНИЈА

Во локал за 200 луѓе имало 700: Нема да дозволиме Кочани сценарио, безбедноста е прва, тврди Јанчев

Објавено November 23, 2025 14:36
Сподели
Сподели

Настапот на српската ѕвезда Аца Лукас во Кавадарци бил прекинат поради сериозни безбедносни пропусти, непријавен ангажман и прекршување на правилата за работа на локалот, потврди градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Инцидентот се случил синоќа, нешто по полноќ, кога полицијата заедно со инспекции од повеќе институции влегла во угостителскиот објект каде што настапувал Лукас. Набргу по контролата, пејачот бил приведен во полициската станица.

Нема да дозволиме Кочани сценарио. Безбедноста е прва, нагласи Јанчев.

Градоначалникот Јанчев објасни дека организаторите однапред поднеле барање до Општина Кавадарци за поставување урбана опрема и проширување на просторот за концерт, но барањето било одбиено поради проценка дека условите се небезбедни.

Беше побарано од Општина Кавадарци дозвола за поставување опрема за настанот на Аца Лукас. Комисијата утврди дека нема услови за тоа, поради безбедносни причини. На 14.11 барањето беше одбиено, а сопственикот беше писмено и усно информиран – рече Јанчев.

Тој истакна дека локалот има капацитет од 200 гости, а внатре биле затекнати дури 700 лица.

Не смееме да дозволиме да се повтори трагедија како онаа во Кочани. Локали пренатрупани со гости, без почитување на безбедносните мерки, тоа во Кавадарци нема да помине – додаде тој.

Јанчев напомена и дека ангажманот на самиот изведувач не бил пријавен ниту во Агенцијата за вработување, ниту во Министерството за труд, што претставува дополнителен прекршок.

Лукас настапувал без дозвола, доби казна и прекршочна пријава

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија интервенцијата.

Констатиравме дека Аца Лукас настапувал без потребната дозвола. За тоа му е изречена парична казна, а поднесена е и прекршочна пријава – соопштија од МВР.

Контролата ја извршиле полициски службеници од Кавадарци, инспектори за странци, пазарен инспекторат, трудов инспекторат и Управа за јавни приходи.

Настапот бил веднаш прекинат, а Лукас бил приведен околу десет минути по полноќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цела ноќ седев во полициска станица: Се огласи Аца Лукас по инцидентот во Кавадарци
Следна Статија Република Српска избира замена за Додик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сорос ги искористи УСАИД за да ги фиансира обоените револуции секаде

од: Мет Палумбо, 17 февруари 2025 година Борба против технолошката тиранија На почетокот на овој месец напишав статија во која открив…

February 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во 15 часот и 46 минути започнува пролетта

Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 15 часот и 46 минути. Во исто време на јужната…

March 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Граѓаните ја демолираат куќата на градоначалникот

Додека градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, дава изјава во Јавното обвинителство, граѓаните ја демолираат неговата куќа. По вчерашната трагедија во…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Антикорупциска иницира постапка против поранешната министерка за култура за злоупотреба на буџетски средства за приватни цели

Државната комисија за спречување на корупција денеска донесе одлука да иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?