Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се огласи Дурловски по случувањата на настапот на Аца Лукас во Кавадарци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се огласи Дурловски по случувањата на настапот на Аца Лукас во Кавадарци
МАКЕДОНИЈА

Се огласи Дурловски по случувањата на настапот на Аца Лукас во Кавадарци

Објавено November 23, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Во држава која и понатаму се обидува да зачува барем минимална културна сувереност, нашата јавна сфера се’ почесто се сведува на навивачки трибини за „културни“ конфликти што не се ниту наши, ниту за нас релевантни, ја започнува својата објава на социјалните мрежи оперскиот пејач Игор Дурловски, а во врска со последните случувањата во Кавадарци поврзани со настапот на Аца Лукас.

Дурловски вели дека по последните случувања во Кавадарци станува јасно дека одредени фигури и портали од балканската естрадна периферија не се задоволуваат само со диктирање на јавниот вкус, туку отворено се обидуваат да влијаат и врз домашните политички процеси.

-Ако државава навистина верува дека може да функционира со минимален степен на самопочит, тогаш е крајно време да воспоставиме јасни, строги и транспарентни правила за организацијата, работата и јавните настапи на странските изведувачи. Тоа не е рестрикција, туку елементарен механизам за културна самозаштита. Или ќе ја артикулираме сопствената регулаторна рамка, или, да бидеме чесни, можеме мирно да се самораспуштиме и да признаеме дека нашата културна и медиумска архитектура е оставена на милост и немилост на лукративни проекти со центри надвор од Македонија. Предлагам задолжително формирање на едно стручно и компетентно тело кое ќе ја уреди оваа област. Тело што ќе воспостави јасни критериуми, процедури и стандарди, но и ќе ја заштити нашата културна сфера од деградација во сензационалистичка придружна програма на туѓи интереси, пишува Дурловски.

Оперскиот пејач наведува дека ако сакаме да постоиме како држава, мора да престанеме да се однесуваме како публика на настан чиј режисер никогаш не сме го избрале.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФИТНЕС ЗА СВИЊИ: Трчање на лента за подобра кондиција и квалитет на месото
Следна Статија До крајот на годината исплата на К-15

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Отповикани девет амбасадори меѓу кои и: Жерновски, Рамчиловиќ, Крстевски…

Со одлука на Министерството за надворешни работи, вчера се отповикани неколку македонски амбасадори. Станува збор за: Како причина за нивното…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Струмичани в сабота ќе излезат на протест против загадувањето на воздухот

Под мотото „Забрането дишење“, в сабота (1 февруари) низ главните улици во Струмица ќе се одржи протестен марш поради загадувањето…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со изгласаните интерпелации, членовите на Судскиот совет повеќе немаат никаков кредибилитет да продолжат со работа

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес одговори на новинарското прашање за очекувањата, по изгласувањето на интерпелациите за…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

МАНУ: Секаде во светот постои само една национална академија

Претседателството на МАНУ укажува дека Академијата никогаш не се занимавала и нема да се занимава со дневнополитички расправи и партиски…

October 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?