Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанкулоска: Европскиот суд за човекови права отвора сериозни прашања за судењето против мене
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јанкулоска: Европскиот суд за човекови права отвора сериозни прашања за судењето против мене
МАКЕДОНИЈА

Јанкулоска: Европскиот суд за човекови права отвора сериозни прашања за судењето против мене

Објавено November 24, 2025 11:33
Сподели
Сподели

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, вели дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур отвора сериозни прапшања во однос на судењето во предметот за набавката на блиндираниот Мерцедес.

Таа кажа дека ова е потврда на, како што кажа, „целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во правосудството“.

„Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата. Овие прашања не се само потврда на целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во правосудството во однос на мене лично, туку и потврда дека токму тие инсталации беа најмоќната алатка за остварување на целите на таа влада. Иако поминаа скоро 5 години од поднесувањето на апликацијата пред ЕСЧП, а јас издржав неправедна драконска казна и штетата која ја претепев на приватен и професионален план не може да се надомести, сепак сознанието дека од страна на ЕСЧП овие повреди се препознаени, за мене е една мала лична сатисфакција. Можеби конечно оние со 2% доверба ќе ја примат пораката дека не смеат да слугуваат на ничии интереси и агенди затоа што граѓаните ги плаќаат да ги штитат, а не да ги кршат нивните права. Госпоѓата која денес е на столбот на срамот, а која за своите злодела беше од страна на претходната власт дебело наградена со висока функција е пример дека судиската тога не е панцир што штити од општествен прекор. Се надевам дека конечно ќе има одговорност за сите сторени зла, но и ако тоа не се случи, немам дилема дека никој не може да му избега на судот на историјата“, напиша Јанкулоска на „Фејсбук“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Астро Бот DualSense контролерот на најниската цена досега за Црн Петок
Следна Статија Спотифи олеснува префрлањето на плејлисти од други музички сервиси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија меѓу земјите со најголем пад на населението

Светска банка ја стави Македонија на листата на земји и територии кои доживуваат најголем пад на населението во светот. Најголемиот…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се интервенира на подметнати пожари кај Тиквешко Езеро

Се интервенира на подметнати пожари кои зафатија сериозни и тешко достапни локации на Тиквешко Езеро, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев,…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ганиу: Од девет дури 7 училишта во Чаир биле изградени „на диво“

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу синоќа во гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ обелодени дека од девет училишта на…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води ОЈО, не владата, во време на СДСМ невозможна мисија беше истрага против член на влада и актуелен градоначалник

Обвинителството ја води истрагата за несреќата во Кочани, а не владата и токму обвинителството кажува кој ќе биде опфатен и…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?