Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жена психолог избркана од работа во струшката болница кога кажала дека е трудна – го загубила бебето од стре
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Жена психолог избркана од работа во струшката болница кога кажала дека е трудна – го загубила бебето од стре
МАКЕДОНИЈА

Жена психолог избркана од работа во струшката болница кога кажала дека е трудна – го загубила бебето од стре

Објавено November 24, 2025 18:23
Сподели
Сподели

Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистерка по специјална едукација и рехабилитација од областа на оштетување на слухот и психотерапевтка и со бројни сертификати и обуки во кои 14 години сама инвестирала, е избркана од работа веднаш штом кажала дека е бремена, објави СДК.

Откако претрпела силен стрес поради непродолжувањето на договорот за работа и додека по нејзиното бркање биле примени во Болницата 65 души на работа, таа го изгубила бебето во 27-та гестациска недела, односно во седмиот месец од бременоста, додава медиумот.

На нејзино место директорот на болницата по изборите примил нова, помлада девојка, заедно со уште 65 други разни профили, поради што Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека врз оштетената пријавителка е извршена директна интерсекциска дискриминација.

Бидејќи претходно таа кажала дека е бремена и кога го прашала директорот на болницата зошто не ѝ го продолжуваат договорот, ако веќе трајно не ѝ го решаваат нејзиниот статус, директорот ѝ кажал:

„Оди дома, сега имаш поважна работа. Бремена си“.

Во претставката жената што го изгубила детето поднела и докази од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство дека била здрава, носела здраво дете и оти имала уредна бременост без никакви ризици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трипуновски до Николовски: За сите незаконски постапки ќе одговараш!
Следна Статија МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во две приватни училишта и музеј во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Црн чад над Скопје, гори депонијата во Шуто Оризари

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов потврди дека гори отпад на депонија во Шуто Оризари, при што над Скопје се издига…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Новите возила претставуваат олицетворение на постојаната поддршка на САД на Македонија

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер во своето обраќање на денешното презентирање на оклопните возила JLTV за АРМ,  рече дека од…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Активен е пожарот кај валандовско Грчиште, повредени двајца вработени на „Македонски шуми“

Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои два сè…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?