Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски му возвраќа на Трипуновски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николовски му возвраќа на Трипуновски
ПОЛИТИКА

Николовски му возвраќа на Трипуновски

Објавено November 24, 2025 18:27
Сподели
Сподели

Откако министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновки, му поднесе кривични пријави на екс министерот Љупчо Николовски, се огласи Николовски со реакција.

„Трипуновски, твоите беспредметни кривични пријави не можат ни оддалеку да го тргнат фокусот од хаосот што го создаде во земјоделството.
Кога сопствената посебна советничка ти е фатена во истрагa за рекет со европски пари се носи политичка одговорност.
Кога најразвојната програма во државата e суспендирана поради коруптивен скандал: се поднесува оставка, се овозможува независна истрага и се молчи од срам, а не со прес-конференции и статуси.

Половина од твоите најблиски соработници се под истрага, со телефони на вештачење, со претреси и информативни разговори. Тоа е реалноста од која бегаш.
Наместо смешни пријави, избери да одговориш на она што секој ден го прашуваат земјоделците:
Кога одгледувачите на овци ќе ги добијат субвенциите?

Кога субвенциите за млеко?

Ќе се исплатат ли сите земјоделци за предаден зеленчук и овошје?

Зошто се кратат субвенции во ребалансот?

Зошто 130 милиони евра европска поддршка се замрзнати?

Ти, наместо да се соочиш со овие прашања, измислуваш пријави мислејќи дека ќе ја замолчиш вистината. Не оди тоа така, јавноста веќе гледа кој работи, а кој пишува статуси.
Дополнително треба да објасниш:
како се копа песок на земјиште дадено за рибник?

каде заврши земјоделското земјиште доделено изминатава година?

како точно се подготвува шемата за испумпување буџетски пари преку откупот на грозјето?

П.С. Колкав е рибниот фонд во општина Петровец?
П.С.С Наместо да доставуваш „кривични пријави“ со празни листови само за да дефокусираш и да си го спасуваш образот, подобро земи ги тие празни листови и напиши ја оставката“, напиша тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Застрелан маж пронајден во автомобил во Нераште, Тетово
Следна Статија Гувернерот Славески: Финтек-иновациите ја обликуваат иднината на македонскиот финансиски сектор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шест сообраќајни ленти, од кои две за автобуси: Ѓорѓиевски со јасен план за намалување на метежот во центарот на Скопје

Промени во сообраќајната иднина на Скопје, пресврт за централното градско подрачје најави денеска кандидатот за градоначалник за Град Скопје од…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Проф. Марковски со маска на диносаурус: „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“

„Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“, порача денеска кандидатот за градоначалник на Скопје од граѓанската платформа…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор

Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата не…

July 5, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: ЗОО во Скопје ќе биде модерна и едукативна со хуман третман за животните

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска ја посети Зоолошката градина и ја претстави својата визија за нејзина…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?