До утре треба да бидат познати имињата на новите министри од редовите на Вреди откако на локалните избори првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити беше избран за градоначалник на Чаир.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека предлогот ќе биде доставен до Собранието во текот на неделата.
– До утрешниот ден ќе се финализираат сите работи. Очекувам оваа недела да ги доставам до Собранието, изјави Мицкоски.
Меѓу имињата кои досега се споменуваат во јавноста се Беким Сали за прв вицепремиер и Мухамед Хоџа за министер за животна средина.
Денеска се очекува да бидат познати и имињата на поверениците кои ќе бидат назначени во четирите општини каде не беа избрани градоначалници за време на локалните избори.
–За кратко почнува владината седница и јавноста ќе ги дознае за неколку часа од сега, рече Мицкоски.