Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Давидовиќ: На ниту еден обвинет не му е дадено обвинението, како некој ќе се изјасни за вина ако го нема она да го прочита за што е обвинет?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Давидовиќ: На ниту еден обвинет не му е дадено обвинението, како некој ќе се изјасни за вина ако го нема она да го прочита за што е обвинет?
Blog

Давидовиќ: На ниту еден обвинет не му е дадено обвинението, како некој ќе се изјасни за вина ако го нема она да го прочита за што е обвинет?

Објавено November 25, 2025 16:49
Сподели
Сподели

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на еден од обвинетите за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, остро реагираше на начинот на кој е доставена изменетата верзија на обвинението. Тој посочи дека Обвинителството направило сериозни пропусти со кои, наместо да ја забрза, ја одолговлекува постапката.

„Во јавноста често се повторува дека адвокатите се тие што сакаат да развлекуваат. Денеска се покажа спротивното — Обвинителството е тоа што прави грешки и го успорува процесот,“ изјави Давидовиќ.

Тој објасни дека најголемиот проблем е недоставувањето на интегрираната, изменета верзија на обвинението, за која тврди дека содржи нови и проширени временски елементи во однос на првичниот документ. Според него, ниту обвинетите, ниту нивните адвокати ја добиле оваа верзија.

„Бранителите не се обвинети. Ние сме тука да ги застапуваме луѓето кои мора да знаат за што се товарат. Ниту еден од нив не го добил обвинението. Како да се изјасни некој за вина ако не може да го види документот?“ праша Давидовиќ.

Тој додаде дека ваквото постапување е крајно несоодветно и дека го доведува во прашање принципот на фер судење, особено во момент кога судот очекува официјално изјаснување за вина од обвинетите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен екс министерот за земјоделство Трајан Димковски и уште 4 други лица: Се товарат за злоупотреба на службена должност
Следна Статија Радев: Крајно време е Македонија да започне со гонење за нападите врз Бугарите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Како Трамп го засака биткоинот

По изборната победа на самопрогласениот „биткоин претседател“ Трамп, криптовалутата урива рекорд по рекорд. Зад љубовта на Трамп кон биткоинот се…

November 15, 2024
Blog

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР, ја враќаме довербата на граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со дел од раководството на министерството денеска во Полициското одделение во Ропотово, Општина…

August 21, 2025
Blog

Пазарот на трудот во Германија во пад: Компаниите планираат нови отпуштања

Германските компании планираат отпуштања, а состојбата на пазарот на трудот се уште е тешка. Ова е заклучокот од извештајот што…

March 27, 2025
Blog

Австралија воведува двегодишна забрана за странци за купување недвижен имот

Австралиската влада објави дека воведува двегодишна забрана за купување недвижен имот од странски правни или физички лица во земјата, јави…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?