Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Казнети ССК и четири фирми за картелско здружување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Казнети ССК и четири фирми за картелско здружување
ЕКОНОМИЈА

Казнети ССК и четири фирми за картелско здружување

Објавено November 26, 2025 12:43
Сподели
Сподели

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како координатор, учествувале во забранет договор и/или усогласено однесување во смисла на член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата.

Во постапката е утврдено дека на состанок одржан на 5 февруари 2025 година учесниците постигнале усогласен став за неприфаќање нови или зголемени ценовници од добавувачите, со што ја замениле состојбата на независно пазарно однесување со состојба на практична координација. Овој вид на однесување по својата природа претставува т.н. „by object“ ограничување на конкуренцијата, кое е забрането без потреба од дополнително докажување на пазарни ефекти – соопшти КЗК.

Со донесеното решение, се посочува во соопштениеот, се изречени прекршочни санкции – глоби во износ од 3.075.000 денари за секое од трговските друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, додека на Сојузот на стопански комори на Македонија е изречена прекршочна санкција – глоба во износ од 1.143.000 денари, со цел превенција на идни нарушувања и заштита на потрошувачите и пазарната конкуренција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Инцидент пред Собранието во Белград: Опозицијата се судри со полицијата
Следна Статија САД и Украина постигнаа договор за измена на нацрт-планот за мир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при он лајн-купувањето

Граѓаните да бидат многу внимателни, да проверуваат по неколку пати на е-платформите дали е вистински производот што се продава и…

November 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Азија подготвена за претпазлив почеток пред зафатена недела со податоци

Глобалните акции и обврзници започнаа декември под притисок, додека обновениот пад на криптовалутите и строгите коментари од Банката на Јапонија…

December 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

НБРМ: Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Македонија во третиот квартал од 2024…

December 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска најавува година на инвестиции и фискална консолидација и одржливост

Буџетот за 2025 година е документ со кој Владата ги најавува промените во политиките коишто се во насока на остварување…

December 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?