Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Словенија ќе ги признава македонските возачки дозволи без практичен испит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Словенија ќе ги признава македонските возачки дозволи без практичен испит
БАЛКАН

Словенија ќе ги признава македонските возачки дозволи без практичен испит

Објавено November 26, 2025 13:15
Сподели
Сподели

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во Словенија.

Оваа одлука, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските граѓани кои живеат и работат во Словенија, а исто така важи и за сопствениците на возачки дозволи од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово.

Според новите правила, возачите од Македонија ќе можат да ги заменат своите дозволи во рок од една година од датумот на пријавување престој во Словенија. Тие нема да мора да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит, но сепак ќе треба да достават доказ за ментална и физичка способност за возење (здравствено уверение).

Сандра Газинковски од партијата Слобода, која беше претставник на предлагачите на законот, објасни дека целта не е воведување привилегии, туку отстранување на неоправдани административни пречки.

Тоа е административна пречка која ги забавува процедурите за вработување и им создава непотребни трошоци, чекање и дополнителни тестови на луѓето, изјави Газинковски, потенцирајќи дека мерката ќе го олесни животот на странските работници.

Сепак, опозицијата се спротивстави на овој закон, наведувајќи дека промената може да влијае на безбедноста во сообраќајот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски тврди дека немало напад врз ексновинарот Владимир Перев
Следна Статија Жителка на Липково измамена за 165.000 денари за наводно вработување во Швајцарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонија со убедливи 5-0 го победи Лихтенштајн и повторно е лидер во групата

Македонската фудбалска репрезентација се врати на првото место на табелата, и таму ќе остане барем до октомври и до следните…

September 7, 2025
БАЛКАН

АПСЕЊЕ ВО СРБИЈА – Планирале насилно уривање на власта

Тројца мажи се уапсени во Србија под сомнение дека подготвувале насилна промена на државната власт, пренесуваат српските медиуми. Според информациите,…

June 26, 2025
БАЛКАН

Камионџија од Македонија усмртил пешак во Србија и избегал – го фатиле по 320 километри

Триесет и тригодишен стружанец е уапсен во Србија под сомнение дека вчера прегазил пешак во Лесковац, по што избегал, а…

March 25, 2026
БАЛКАН

Време е за средната класа: Мицотакис со „најсмела реформа на данокот на приход“

Пакет мерки во висина од 1,6 милијарди евра, за поддршка на над четири милиони даночни обврзници, соопшти грчкиот премиер Кирјакос…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?