Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за годишниот тендер на ЕСМ: Се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски за годишниот тендер на ЕСМ: Се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за годишниот тендер на ЕСМ: Се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните

Објавено November 26, 2025 12:51
Сподели
Сподели

Се додека не се заврши тендерот на ЕСМ за снабдување со електрична енергија за една година, цената која е дадена од страна на компанијата и Владата јавно нема да се објави, бидејќи одлуката е донесена на затворена седница на Владата и е класифициран податок. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски потенцираше дека како Влада водат грижа за стандардот на граѓаните и ќе продолжат со субвенционирањето на струјата за домаќинствата.

-Ние се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните, импликација, од друга страна да продолжиме со субвенционирањето, бидејќи пазарната цена на електричната енергија е околу стотина евра во моментов, а за првпат се спроведува јавна набавка за цела година, не само за половина година. Така што во овој момент не можам да ја кажам цената. Но бидете сигурни дека водиме грижа за стандардот на граѓаните и продолжуваме и понатаму да ја субвенционираме електричната енергија за сите оние, коишто ја добиваат на регулираниот пазар, а тоа се домаќинствата, изјави Мицкоски.

ЕСМ ја достави новата цена на струјата до Владата, која вчера на затворена седница одлучуваше дали предлогот на електрани е прифатлива или пак не е прифатлив. ЕСМ електричната енергија за домаќинствата во моментов ја продава по 62 евра за мегават час.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Манасиевски: Весна Дамева сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев да стане член на Судски Совет
Следна Статија УХМР: Жолто ниво на предупредување од поплави – постои потенцијална опасност од излевање на реките

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ако се оди како што треба во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас

Ако се оди како што треба на двете страни, во 2031, 2032 година треба да може да се патува со…

September 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ: Намалување на цените на горивата

Од полноќ се намалуваат цените на горивата од еден до два денари. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

За Силјановска Давкова, новиот гувернер Славески е светски признат професор кој никако не може да биде проепознаен по партиска реторика

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги отфрли како неиздржани критиките на опозицијата во однос на новиот гувернер Трајко Славески, напоменувајќи дека…

June 3, 2025
БАЛКАН

Софија негира дека од неа протекла дипломатската нота за „патувањето во Пампорово“

Прво палењето на автомобилите на бугарската амбасада во Скопје, а потоа објавувањето на дипломатската нота од јануари годинава за патувањето…

June 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?