Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од укинувањето на визите речиси 9.000 турски државјани ја напуштиле Црна Гора
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Од укинувањето на визите речиси 9.000 турски државјани ја напуштиле Црна Гора
БАЛКАН

Од укинувањето на визите речиси 9.000 турски државјани ја напуштиле Црна Гора

Објавено November 27, 2025 09:50
Сподели
Сподели

Од крајот на октомври, кога црногорската Влада на Милојко Спајиќ (Движење Европа сега) привремено воведе визи за државјаните на Турција, скоро 9.000 турски државјани ја напуштиле Црна Гора, додека во истиот период биле одобрени само 194 барања за издавање визи.

Министерството за внатрешни работи соопшти за весникот „Вијести“ дека од 27 октомври до 26 ноември, Црна Гора ја напуштиле 8.935 турски државјани.

Од Министерството за надворешни работи наведоа дека од 30 октомври, кога стапи во сила одлуката за привремено воведување визи, биле процесирани 320 барања. Од нив, 194 барања биле одобрени, 29 одбиени, а 97 се во процедура.

Повод за Владата да го укине безвизниот режим со Турција беше инцидентот што се случи на 25 октомври во Подгорица, кога беше ранет еден граѓанин. Иако полицијата првично тврдеше дека во ранувањето учествувале државјанин на Турција и Азербејџан, подоцна се покажа дека нападот наводно го извршиле двајца државјани на Азербејџан.

Дел од јавноста ја критикуваше одлуката, истакнувајќи дека таа е резултат на избрзан популизам и дека Владата подлегнала на ксенофобичната атмосфера во државата.

Овој потег предизвика загриженост и на економски план, со оглед на тоа што Турците се најголеми инвеститори во Црна Гора, учествуваат со пет отсто во туризмот и се сопственици на 20 отсто од фирмите во земјата.

Шефот на дипломатијата, Ервин Ибрахимовиќ (Бошњачка партија), на 17 ноември изјави дека верува оти визите за турските државјани ќе бидат укинати за 10 до 15 дена. Тој тогаш додаде дека Црна Гора мора да ја усогласи својата визна политика со визната политика на Европската Унија до крајот на 2026 година. Сепак, ниту од неговиот ресор, ниту од кабинетот на премиерот Спајиќ не одговорија на прашањето на „Вијести“ кога точно визите ќе бидат укинати.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Смртоносни поплави во јужен Таиланд по обилни врнежи
Следна Статија Италија сега го препознава криминалот на женско убиство и го казнува со доживотен затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Птичји грип во Валона, десетици угинати птици!?

Во албанскиот приморски град Валона, во областа „стара плажа” пронајдени се десетици угинати птици. -По добиената информација од жителите од…

January 5, 2025
БАЛКАН

Невообичаена ситуација во Црна Гора: Пожарникарите „спасија“ Полјак кој се изгубил на 20 метри од автопатот

Службата за заштита и спасување на Котор интервенираше синоќа поради млад Полјак кој се изгубил на 20 метри од главниот…

September 8, 2025
БАЛКАН

Хрватски пратеник: Не може да се вработите во Европскиот парламент ако не сте хомосекуалец

Mислав Колакушиќ,хрватски европратеник објасува како функционира европската бирократија, поточно во Европскиот парламент. Според него, во таа зграда сите се хомосексуалци…

April 22, 2025
БАЛКАН

Бојко Борисов се повлече: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава!

Не сакам веќе да се занимавам со оваа разрушена држава. Категорично ја повлекувам кандидатурата. Чекаме премиер со еквидистанца. Ова го…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?