Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Наредна недела ќе бида распишана тендерска постапка за изградба на Луна паркот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Наредна недела ќе бида распишана тендерска постапка за изградба на Луна паркот
МАКЕДОНИЈА

Наредна недела ќе бида распишана тендерска постапка за изградба на Луна паркот

Објавено November 27, 2025 19:55
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја одржа првата седница на Координативно тело на градоначалници, нагласувајќи дека по повеќе од три години во главниот град повторно се воспоставува редовна и функционална меѓуопштинска координација. На прес-конференцијата тој говореше за плановите за подобрување на соработката, актуелните инфраструктурни и финансиски состојби, како и за низа прашања поврзани со јавниот превоз, комуналната хигиена и проектот „Луна парк“.

Како што посочи Ѓорѓиевски, соработката меѓу општините и градската администрација во изминатиот период била на исклучително ниско ниво, затоа, нагласи, ваквите состаноци со скопските градоначалници ќе бидат пракса во иднина и ќе се случуваат еднаш во 40 дена. Во врска со состојбите во Град Скопје, Ѓорѓиевски посочи дека наследил лоша финансиска состојба и целосна нефункционалност на јавните претпријатија, но, како што рече, состојбите полека се нормализираат. Консолидирани се состојбите, нагласи во претпријатијата кои со месеци немаа земено плата, како што се Паркови и зеленило и Комунална хигиена.

Го решивме проблемот со хаосот којшто беше предизвикан од нефункционалноста на ЈП Комунална хигиена и ЈП Паркови и зеленило. Веќе се консолидирани со состојбите таму, имаат и здравствено и пензиско осигурување исплатено. Поради буџетските ставки до Нова година нема да можеме да им исплатиме две плати одеднаш, но во јануари ќе направиме целосно порамнување и таму. Тоа значи дека полека, но сигурно ги решаваме состојбите состојбата е нормализирана. Нема повеќе со часови чекање автобуси како што тоа беше случај во минатото. На многу од позициите во главниот град каде што имаше диви депонии, веќе се работи, на дел од нив депониите веќе се исчистени, особено на оние микролокации во општините, каде што помогнаа сите колеги градоначалници“, посочи Ѓорѓиевски.

Тој се осврна и на проектите кои во предизборната кампања ги вети пред граѓаните, а кои, како што рече, ќе значат решавање на сообраќајниот хаос во главниот град. За дел од нив, рече, веќе е отпочнат процес на тендерски постапки. Ѓорѓиевски нагласи дека во текот на наредната недела ќе биде распишана тендерска постапка за Луна паркот, којшто, како што рече, Скопје го очекува со години.

Јас го поминав детството без да имам можност да го видам Луна паркот, а и најголем дел од моите колеги. Децата наши пораснаа, децата ваши пораснаа, децата на Скопје пораснаа, неколку генерации без да имаат таква можност. Го должиме тоа на нашите сограѓани. Ако не го направиле тоа претходните генерации, ние сме генерацијата која треба да го направи. Верувам дека, онака како што ветив, до јуни 2027 година Скопје ќе има функционален Луна парк … Некаде во текот на наредната недела конечно ќе биде распишана и тендерската постапка за Луна паркот. Таму ќе поминуваат време нашите деца, мора да биде изработено по највисоки стандарди. Верувам дека за брзо ќе започнат градежните активности кои конечно ќе дадат нов лик на тој дел од градот“, рече Ѓорѓиевски.

Во врска со проектот за воведување на БРТ систем во главниот град, Ѓорѓиевски нагласи дека се работи за „сериозно добар проект“ и дека по низа состаноци со претставници на Владата, вклучително и премиерот Христијан Мицкоски, процесот е веќе одблокиран.

Се надевам дека веќе следната година ќе распишеме постапка и ќе започнеме со реализација“, рече Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека изминатиот период остварил интензивни средби со претставници во Брисел и како што рече, не постои повеќе опасност Скопје да го изгуби статусот за Европска престолнина на културата 2028 година.

Сакам да информирам и за она што постоеше како опасност за губењето на статусот Скопје – Европска престолнина на културата. Имавме интензивни средби со претставници во Брисел. Сакам јавно да му се заблагодарам на еврокомесарот Рокас којшто помогна во целиот процес. Одблокирана е и таму постапката. „Тоа е брак кој не може практично да се раскине“, го цитирам еден од европските претставници кој го спомена тоа. Стабилизирана е состојбата поврзана со тоа прашање. Сè што беше на некој начин блокирано во минатото, се трудиме да го одблокираме“, рече Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дизелот драстично поевтинува – ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ
Следна Статија Почнува Божиќниот пост

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стапи во сила обвинението против бизнисменот Крмзов и повеќе физички и правни лица за даночна измама

Обвинителатвото за гонење на организиран криминал и корупција информира дека е поднесен Обвинителен акт против седум лица, меѓу кои и…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не се препорачува евакуација по копнен пат од Катар и ОАЕ, 473 македонски државјани контактирале со ДКП

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473…

March 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кардиологот и алпинист Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не…

November 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во изјава за медиумите истакна дека со премиерот Христијан Мицкоски имаат заеднички став дека…

March 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?