Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Децата ја спасиле мајката од таткото насилник во Струмичко
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Децата ја спасиле мајката од таткото насилник во Струмичко
ХРОНИКА

Децата ја спасиле мајката од таткото насилник во Струмичко

Објавено November 28, 2025 17:48
Сподели
Сподели

Маж, на суров начин, се обидел да ја убие својата сопруга во струмичкото село Просениково, и тоа пред очите на своите две малолетни деца. Обвинителството бара притвор за него и му поднесе кривична пријава за убиство во обид. Морничавиот настан се случувал во семејниот дом во средата, кога 48-годишниот маж ја фатил жената за главата и се обидел со шприц насилно да ѝ вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Несреќната жена почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба и се обидувале да ја одбранат мајка им. Таа успеала да му се измолкне и влегла во бањата, но бруталниот сопруг тргнал по неа, ја турнал во кадата и ја притиснал со коленото, па со нож започнал да ја сече на вратот во близина на каротидната артерија. Децата повикале роднини кои успеале некако да го оттргнат насилникот.

– Во својот исказ пред јавниот обвинител, жената потврдила дека подолг временски период била жртва на физичко и на психичко семејно насилство од сопругот, но не се осмелувала да го пријави тоа. Според јавниот обвинител, постои реална опасност осомничениот повторно да врши семејно насилство и да го доврши обиденото дело. Исто така, постои опасност од бегство и можност тој да влијае на сведоците на настанот, негови блиски роднини кои ѝ помогнале на оштетената и ја однеле во болница. Од тие причини, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Веста за обидот за убиство на жената од Струмичко доаѓа паралелно со националната кампања „Шеснаесет дена активизам против семејното насилство“. Според бројките што ги објави министерството за труд и социјала, во 2025 година од вкупно 1.260 регистрирани жртви, дури 932 се жени – жртви на семејно насилство.

Од Националниот совет за родова рамноправност, во рамките на кампањата информираа дека, за две години, бројот на пријави за семејно насилство на СОС-линијата 141 700, пораснал за 70 %, најчесто пријавуваат жртвите, но и членови од семејството, полицијата, матичниот лекар, непосредното опкружување.

Иако надлежните уверуваат во заложбите за згрижување и помош на жените жртви, сепак државниот ревизор укажува на недостаток на легла во сместувалиштата, во Македонија има околу 60-ина, а согласно со Истанбулската конвенција е потребно да има повеќе од 180 низ целата држава.

„По спроведената ревизија, заклучивме дека мерките и активностите за обезбедување специјализирани услуги за поддршка и за заштита на жените жртви на насилство што се преземаат од надлежните институции не се доволно ефективни со цел превенција, поддршка и заштита на жените и нивна целосна реинтеграција“, порача Катерина Чалоска-Алексовска – помошничка на главниот државен ревизор.

Според податоците што ги објавија ОН, на секои 11 минути некаде во светот е убиена жена. Една од три жени доживеала некаква форма на насилство по наполнети 15 години, а една од 20 била силувана најчесто од сопствениот партнер. Во Македонија, годинава јавноста беше згрозена од пет случаи на фемицид. Насилството заврши кобно за жените од Кавадарци, Неготино, Шуто Оризари, Скопје, Штип и Велес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајден починат скопјанецот кој беше пријавен за исчезнат
Следна Статија Guinea-Bissau престолнината: Претседателот Умаро Сисоко Ембало бега во Сенегал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Стојанче Јовановски: Сѐ би дал да можам да ги вратам моето дете и мојата сопруга

Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана, чиј живот трагично заврши со пад од балкон во скопската…

April 28, 2026
ХРОНИКА

Сите дојави за бомби во училиштата биле лажни

 Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека полицијата ги завршила сите контроли и проверки по добиените дојави за поставени бомби…

February 7, 2025
ХРОНИКА

Охриѓанка го нападнала својот сопруг

На 29.11.2025 година во 16:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, М.Ц. од Охрид, во семејниот дом, физички го…

November 30, 2025
ХРОНИКА

40-годишно лице се удавило кај познат камп

Тешка трагедија се случи денеска во АС кампот во Струга, каде едно лице на возраст од 40 години се удави…

July 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?