Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Украина по војната треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, смета Орбан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Украина по војната треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, смета Орбан
СВЕТ

Украина по војната треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, смета Орбан

Објавено November 29, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изложи визија за иднината на Украина, сугерирајќи дека по војната таа треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, објави ДПА.

Орбан во интервју за весникот „Ди Велт“ посочува дека неизбежно ќе треба да се направат територијални отстапки кон Русија, а големината и капацитетите на вооружените сили на Украина ќе бидат намалени.

Тој ги даде своите коментари по контроверзната посета на Москва, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и нагласува дека Унгарија има интерес за стабилни и профитабилни снабдувања со енергија од Русија. Истакнува дека е време да се остават настрана илузиите и да се прифати реалноста наведена во планот од 28 точки на САД за завршување на војната во Украина.

Одложувањето на договорот би и користело на Русија, а не на Украина, и би довело до губење на повеќе територии и животи, нагласува Орбан.

Тој потенцира дека Русија постепено ќе биде реинтегрирана во глобалната економија според американскиот план, со укинување на санкциите со текот на времето. Според него, европската поддршка за Украина е целосно на штета на населението. Тој ја отфрли идејата замрзнатите руски средства да имаат финансиски придонес во таа насока. „Крај на приказната дека Европејците ја финансираат војната со руски пари“, додава Орбан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик
Следна Статија Мицкоски го отвори „Гранд при Скопје – 13 Ноември”

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Олигарсите се сретнаа со Путин и дадоа три милијарди долари донации за војната

По средбата со Владимир Путин, олигарсите испратија 220 милијарди рубли донации за војната.Големите руски бизнисмени донираа 220 милијарди рубли (3…

June 1, 2026
СВЕТ

Прва жена премиерка на Јапонија – сака хеви метал, свири тапани, се спротивставува на истополовите бракови

Конзервативката Санае Такаичи ќе стане првата жена премиерка на Јапонија откако вчера беше изгласана во парламентот. Ова е историски момент…

October 21, 2025
СВЕТ

Полска го презеде претседавањето со ЕУ

На првиот ден од новата година Полска од унгарски раце го презеде ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ, чиј фокус…

January 1, 2025
СВЕТ

Од воведувањето на новиот систем на 27.000 лица им бил забранет влезот во ЕУ

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000…

April 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?