Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд
МАКЕДОНИЈА

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд

Објавено November 29, 2025 14:49
Сподели
Сподели

Пенизонерите кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска од Штип порачаа дека во понеделник на 1 декември пензионерите од државата ќе протестираат пред Уставен Суд во Скопје, со цел како што велат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Тие на денешната прес-конференција повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права.

-Во понеделник во 11 часот пред Уставен Суд во Скопје ќе протестираме, од цела Македонија, изјави пензионерот Зоран Трајков. Трајче Станојков пензионер од Свети Николе најави ако во понеделник протестот не вроди со плод, веќе на 10 декември продолжуваат со протести, бидејќи не се откажуваат од нивните барања. Тој додаде дека освен линеарното усогласување на пензиите ќе бараат и К-15, покачување на посмртнината, како и воведување на пензионерска картичка. Пензионерот од Штип, Трајче Митев вели дека имаат и конкретни барања.

-Ќе се бориме за покачување на посмртннина од 35.000 на 50.000 денари. Ќе создадеме фронт да се воведе пензионерската картичка, вели Митев.

Во Штип денеска се собраа пензионерите од Штип, Свети Николе, Скопје, Куманово.

-Сите ќе се залагаме да дојдеме во Скопје, за да и кажеме дека е доста дискриминација. Ние бараме да земеме линеарно покажување на пензиите, вели пензиионерката Вера Јовановска.

Пензионерите најпрво добија пет илјади денари линеаро покачување на пензиите, во септември на картичка добија уште илјада денари, а во март наредната година треба да има ново линеарно усогласување за илјада денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загина маж, откако со трактор излетал од патот
Следна Статија (ВИДЕО) Започна новата лизгачка сезона во СЦ „Борис Трајковски“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да го олесниме животот на семејствата на загинатите и на повредените во дискотеката „Пулс“

Ние сме во постојана комуникација со дел од родителите и семејствата на трагично загинатите и како Влада ќе сториме се…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре се очекуваат резултатите од испитувањата на водата од гостиварскиот водовод

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се…

July 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

СДСМ звучи како евтин АИ, многу зборови но никаква суштина

СДС денес звучи како евтин АИ модел со многу зборови, никаква суштина, конфузија, неповрзани нешта и многу очај. За ова…

March 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Изминатите месеци како Влада покажавме дека може да се функционира поинаку- транспарентноста и отчетноста се наш приоритет

Тука сме да покажеме дека како Влада отчетноста и транспарентноста се наш приоритет, и така ќе продолжиме да функционираме, истакна…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?