Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бобан Николовски: Бизнис заедницата бара итни реакции – достапни сме за нив 24/7
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бобан Николовски: Бизнис заедницата бара итни реакции – достапни сме за нив 24/7
ЕКОНОМИЈА

Бобан Николовски: Бизнис заедницата бара итни реакции – достапни сме за нив 24/7

Објавено November 30, 2025 11:40
Сподели
Сподели

„Бизнис заедницата бара решавање на сите предизвици со кои се соочуваат во реално време. Јас и мојот тим сме достапни за нив 24/7 и тие тоа го знаат. Заеднички покажавме дека институциите можат да бидат двигател на позитивни промени кога се водат со визија и кога тимската работа е ставена во прв план. Не зборуваме веќе за индивидуални успеси – Царинската управа стана симбол на институционален капацитет што испорачува колективни резултати“, вели директорот Бобан Николовски во интервју за едицијата „Топ 100 извозници“ на Извоз.мк.

„Во моментов со грант средства од ЕУ работиме на проектот „паметни граници“, модернизација на граничниот премин Делчево, отворање нов граничен премин Клепало со Бугарија, возобновување на граничниот премин Маркова нога со Грција и имплементација на Систем за регистрација и идентификација на економските оператори – ЕОРИ 2 кој веќе е во финална фаза. Паралелно, во рамки на Проектот за олеснување на транспортот и трговијата во Западен Балкан на Светска банка, на сите гранични премини е поставен систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблички, граничниот премин Ќафасан е модернизиран, а интензивно работиме и на модернизација на граничниот премин Деве Баир, како и на нов Национален едношалтерски систем“, истакна директорот Николовски.

Најголем успех, вели, е кога постигнатите резултати се мерливи, видливи и препознаени од бизнис заедницата, граѓаните и од меѓународната заедница.

„Во овој период јасно ја покажавме улогата на Царинската управа во забрзување на економскиот раст и подобрување на условите за водење бизнис, како и во процесот на интеграција на земјата во единствениот пазар на Европската Унија. Резултатите се препознаени и од Европската комисија, која во последниот извештај за напредокот на земјата нотира високо ниво на напредок во поглавјето Царинска унија, со кое раководи Царинската управа. Европската комисија особено го нагласува високото ниво на наплата на приходи, високата усогласеност на законодавството, како и усогласувањето и унапредувањето на ИКТ системите. Во делот на зајакнување на оперативните капацитети, посебно е истакнат разузнавачкиот систем што го имплементиравме“, вели Николовски.

Осврнувајќи се на постигнатите резултати истакна дека кумулативно, заклучно со 31 октомври, се наплатени приходи од 1,77 милијарди евра, што претставува зголемување од 89,4 милиони евра, споредено со истиот период минатата година. Зајакнати се контролите, кои се клучни за обезбедување фер економски услови, при што поднесени се 174 кривични пријави, а истовремено вкупно се евидентирани 280 случаи на заплени на разновидна стока, која во најголем дел била наменета за нелегална продажба во нашата држава.

Меѓу другото, Николовски истакнува дека за краток период со голема посветеност е имплементиран новиот компјутеризиран транзитен систем – фаза 5, со кој се забрзуваат транзитните постапки, се подобрува царинската контрола и се подигнува нивото на безбедност, а веќе интензивно се работи и на имплементација на фаза 6.

Во насока на зголемување на ефикасноста на администрацијата и забрзување на постапките, директорот нагласува дека на граничните премини од А категорија работното време на АХВ е целосно усогласено со Царинската управа. Воедно како што најавува потврдите за царински долг коишто се потребни за уписи и промени на правниот субјект, Централниот регистар од неделава ги добива електронски.

Од аспект на забрзување на транспортот, несомнено најголем импакт, како што вели, ќе има Проектот за автоматизација и дигитализација на царинските терминали.

„Проектот предвидува целосна замена на постојните ваги со современи дигитални ваги, како и замена на рампите со автоматизирани системи за управување со сообраќајот на терминалите, со што Царинската управа не само што го подобрува квалитетот на своите услуги, туку создава и основа за паметна, целосно дигитална и одржлива царинска инфраструктура“, потенцира тој.

Директорот Николовски информира дека веќе е избран експерт кој работи на изготвување документација за најсоодветно техничко решение за набавка на опрема, а во следна фаза по завршување на набавката, за што очекува наскоро да биде распишан јавниот повик, ќе се работи и на развој на соодветно софтверско решение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Авиокомпании воведуваат софтверска корекција за Airbus A320 по нагло опаѓање на висината
Следна Статија Струмичани украле 160 вреќи компир од камион сопственост на жител од тетовско

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Целта е да имаме брз и ефикасен транспорт, да се забетонираме на мапата на карго Европа

Во централниот дневник на Сител телевизија, во „Тема на денот“, гостуваше Синиша Ивановски, директор на ЈП ЖРМ Инфраструктура и претседател…

May 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цени на автомобили во Европа: Каде се најскапи, а каде се најевтини и каде е Македонија?

Споредувањето на цените на автомобилите низ цела Европа е сложен предизвик. Фокусирањето на еден или неколку специфични модели може да…

October 25, 2025
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ДПИ изрече осум парични казни за трговците кои не ја почитуваа одлуката на Владата, треба да платат 20 илјади евра

Државниот пазарен инспекторат ги изрече првите парични казни за непочитувачите на одлуката на Владата со која им се наложи на…

September 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Јенот продолжува со добивките среде закана за интервенција: Преглед на пазарите

Доларот падна во однос на сите негови главни валути по стапката на проверка во петок од Федералната резервна банка на…

January 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?