Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Силјановска Давкова: Дипломатскиот добротворен базар е место каде што солидарноста ги поврзува културите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Силјановска Давкова: Дипломатскиот добротворен базар е место каде што солидарноста ги поврзува културите
МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова: Дипломатскиот добротворен базар е место каде што солидарноста ги поврзува културите

Објавено November 30, 2025 17:45
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар, кој под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер се одржа во Скопје по повод Светскиот ден на детето. На настанот на претседателката ѝ беше врачена благодарницата за нејзиниот придонес.

– Годинава, во раскошот на меѓународната разноликост, Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што солидарноста ги поврзува културите. Уживав во културното шаренило: во масичките преполни со уметнички предмети по коишто се препознаваат државите, во уникатните производи, во вкусната храна, но најмногу, во насмеаните детски лица, веселите луѓе и убавата музика. Благодарницата за мојот скромен придонес, од „Добредојде“ и Амбасадата на Австрија, ме потсети дека суштината на хуманоста најсилно се изразува кога е упатена кон децата. Импресивно е кога празничната магија добива длабока човечка димензија – објави претседателката на Фејсбук.

Дипломатски хуманитарен базар, кој привлече голем број посетители, имаше за цел собирање средства за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта, за сите ученици, вклучително и децата со попреченост.

На настанот беше посочено дека иницијативата е од исклучителна важност за заедницата и дека дипломатската заедница заеднички придонесува кон создавање на подобри и подостојни услови за развој на децата.

Голем број амбасади имаа свои штандови, каде што посетителите можеа да ги пробаат традиционалните јадења од различни земји, како и да купат автентични подароци, ракотворби, приврзоци и други уникатни предмети. Меѓу учесниците беа амбасадите на Австрија, Германија, Италија, Шпанија, Турција, Јапонија, Кина, како и Делегацијата на Европската Унија и Институтот „Конфучие“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Арсовски бара извинување од СДСМ: Немам никаква врска со сопствениците на фирмата „Дигитал оне“
Следна Статија Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите во Швајцарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот

И покрај раните утрински часови, мерните податоци укажуваат дека квалитетот на воздухот во Скопје повторно е сериозно нарушен. Според апликациите…

December 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Арбер Адеми: Уставниот суд донесе уште една скандалозна одлука и потврди дека е инструмент на Владата

Одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Владата за намалување…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Големо отворање на „Македонско село“ на 19 јуни

„Македонско село“ на 19 овој месец и официјално ќе биде предадено на фирмата „Ла Тераца“, која Службата за општи и…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Судскиот совет е должен да ја повтори постапката за избор на уставен судија и да достави нов предлог до Собранието

Министерството за правда нема надлежност да ги преиспитува одлуките на судовите, тоа е елемент на независност на судската власт, вели…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?