Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Парите од Мој ДДВ ќе бидат исплатени, УЈП објасни зошто некаде се доцни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Парите од Мој ДДВ ќе бидат исплатени, УЈП објасни зошто некаде се доцни
ЕКОНОМИЈА

Парите од Мој ДДВ ќе бидат исплатени, УЈП објасни зошто некаде се доцни

Објавено December 1, 2025 16:10
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат ниту откажан.

-Во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка на истите. Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон сите корисници кои се во ист налог како и корисникот кој извршил промена. Овој предизвик е веќе идентификуван и надлежните служби работат на негово надминување. Целта е да се обезбеди точна и правична исплата за сите граѓани, без исклучок, информираат од УЈП.

Исплатата за корисниците со валидни и потврдени податоци е во тек, а за останатите ќе биде реализирана веднаш по завршување на техничката преработка.

-Апел до граѓаните: Доколку вршат промена на банка или трансакциска сметка, потребно е веднаш да направат ажурирање на податоците во системот. Со тоа ќе се избегнат вакви ситуации во иднина и ќе се овозможи навремена исплата на сите корисници, велат од Управата.

Граѓаните можат да бидат спокојни – средствата кои им следуваат од МојДДВ ќе бидат исплатени!

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мемов: Нема потреба од апокалиптични сценарија, исплатата на пензиите не е загрозена и ќе продолжи секој први во месецот
Следна Статија Вработените во Железници излегоа на протест

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мизо: Странските инвеститори засега немаат драстично намалување на нарачките, но ризици постојат

Странските инвеститори во земјата засега немаат драстично намалување на нарачките поради случувањата на Блискиот Исток иако укажуваат дека проблем не…

March 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Трговците доставија предлози за намалување на цените на групи производи

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун, денеска до Владата,…

February 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Поддршка за забрзана енергетска транзиција и нови проекти во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Светска банка, на која…

July 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови

Од постојните странски инвеститори во државава лани 38 отсто имале зголемен обем на работа, а 62 отсто намален. Дури 51…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?