Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Концерт на Симон Трпчески на 20 декември во арена „Борис Трајковски“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Концерт на Симон Трпчески на 20 декември во арена „Борис Трајковски“
ЗАБАВА

Концерт на Симон Трпчески на 20 декември во арена „Борис Трајковски“

Објавено December 1, 2025 16:45
Сподели
Сподели

На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината од уметничката кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески. Настан кој не се одбележува само со аплауз, туку со пиетет, восхит и неизмерна гордост.

Тони Цифроски од „КултурОп“ посочи дека само оваа сезона Трпчески настапил во Прага, Барселона, Сиетл, Будимпешта, Вашингтон, Франција, Монте Карло, Сарагоса, Полска, Германија, Словенија…и ќе ја заокружи оваа година со настапот во Скопје.

Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност, традиција, емоција и врвна интерпретација. Заедно со квинтетот „МАКЕДОНИСИМО“ и специјални гости, Трпчески ќе нè однесе на патување низ музиката кое ќе ги надмине жанровите и границите.

Огромна чест е, но уште повеќе е задоволство да се настапува со уметник како Симон Трпчески . Кога заедно ќе застанете на сцена едноставно се чувствувате дека сте над нивото на кое сте навикнати. Такво е влијанието на уметни како Симон, а тој е многу едноставен за соработка . Музиката која ќе ја изведуваме ми прави задоволство. Станува збор за латино вечер, со многу страст и многу емоции и многу ритмика и убеден сум дека публиката која ќе дојде на концертот ќе ужива, рече Татарчевски.

Трпчески на денешната прес конференција посочи дека особено е среќен што сезоната ја заокружува со концерт во Скопје и дека емоциите се особено интензивни кога се настапува дома.

Концертот ќе вклучи комбинација на различни композитори, ќе изведам едно дело кое многу ми е мило -станува збор за „Шпанска рапсодија“ кое ќе биде премиерно изведено во Македонија. Овој пат ќе има проширен број на учесници и му благодарам на маестро Сашо Татарчевски кој се одзва на мојата покана да ја делиме сцената на 20 декември. Многу се радувам што ќе ја сподеиме љубовта, страста кон музиката со сите колеги кои ќе бидат на сцена, рече Трпчески.

По минатогодишниот фантастичен концерт во арена „Борис Трајковски“, кога Симон Трпчески ја наполни салата до последно место и ги остави присутните без здив, годинава тој се враќа со јасна причина за славење.

Една идеја и средба прерасна во соработка која планираме да стане во традиција. За нас е голема чест да соработуваме со маестро Симон Трпчески особено што годинава тој одбележува 25 години кариера, рече Кристијан Стефановски од „Прагма продукција“.

25 години врвна музичка кариера, исполнета со настапи на најпрестижните сцени, соработки со елитни оркестри и интерпретации што оставаат траен печат. Пат исполнет со непоколеблива посветеност кон уметноста, со страст што не згаснува и со визија што постојано се надградува. Јубилеј што сведочи за храброста да се остане верен на сопствениот израз, дури и кога тој го менува светот околу себе.

Настанот е во организација на „Прагма продукција“, а картите за истиот се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел во Бисер и Јк травел Дајмонд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Благоја Милевски не е повеќе селектор на фудбалерите, ФФМ реши да не му го продолжи договорот
Следна Статија Беким Сали предложен за вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Мухамед Хоџа за министер животна средина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Каква зима не очекува ќе видиме на Митровден: Што значи ако врне, а што ако сонце грее

На 8 ноември се одбележува Митровден, празник посветен на Свети Димитриј Солунски, маченик и командант од 3 век. Според преданието,…

November 6, 2025
ЗАБАВА

Нинтендо го проширува NES и Game Boy библиотеката на Switch Online со четири нови наслови

Battletoads, Kid Icarus и уште многу повеќе!

November 27, 2025
ЗАБАВА

Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија

Со бис и овации беше награден настапот на македонската оперска певица, сопранистката Ана Дурловски, синоќа на концертот „Го славиме јубилејот“…

October 12, 2024
ЗАБАВА

Во кои европски градови е најскапо изнајмувањето недвижности? Првиот на листата е поскап и од Париз и Лондон

Deloitte“ објави годишен индекс на недвижности кој ја споредува понудата низ европските градови, а според претходно споменатото истражување, најскапиот европски…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?