Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина гинекологот Венци Чалков, условно осуден за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина гинекологот Венци Чалков, условно осуден за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе
ХРОНИКА

Почина гинекологот Венци Чалков, условно осуден за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе

Објавено December 1, 2025 17:10
Сподели
Сподели

Почина докторот Венци Чалков, а од него преку социјалните мрежи се простуваат членови на семејството, пријатели, пациенти, познавачи.

Гинекологот Чалков беше дел од судскиот процес, а во врска со смрта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе пред 10 години.

Тој заедно со колегата Дончо Москов од Струмица беа обвинети за кривичното дело „Тешки дела против здравјето на луѓето“, а минатиот месец им беше изречена затворска казна од шест месеци, која ќе се изврши ако во следните две години сторат ново кривично дело.

Апелациониот суд ги прогласи за виновни, една недела пред застарување на кривичното дело. По изречената пресуда, најавена беше жалба до Врховниот суд.

Врховниот суд делумно ја прифати жалбата на Вишото обвинителство Скопје и условната затворска казна на 15 октомври која ја изрече Апелација Скопје, ја преиначи во затворска казна во време од 10 месеци, додека на вториот гинеколог Дончо Москов му ја отфрли жалбата и остана алтернативната затворска казна од шест месеци затвор ако во наредните две години стори ново кривично дело.

Обајцата беа обвинети за кривичното дело Тешки дела против здравјето на луѓето по член 217 став 4 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од 6 месеци до пет години. Во овој случај беа обвинети и анестезиолозите Зоран Јовановски, кој почина во истрагата, и Томе Ванчев, кој почина пред две години. Смртта на Маја Кадиева и нејзиното бебе се случи на 22 октомври 2015 околу 22.15 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Досега издадени околу 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември
Следна Статија Од полноќ поевтинува дизелот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Четиримесечно бебе донесено починато во болница во Гостивар

СВР Тетово соопшти дека вчера (18.10.2024 година) во ОВР Гостивар било пријавено дека со Брза помош во Медицински центар Гостивар…

October 19, 2024
ХРОНИКА

Возач загина откако излета од патот Битола – Демир Хисар

Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за с.Драгарино, битолско,…

July 14, 2025
ХРОНИКА

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајката молчела поради љубовна врска со него

Шокантен и исклучително вознемирувачки случај на сексуално насилство и семејно прикривање ја згрози јавноста во тетовскиот регион. Како што пренесуваат…

May 29, 2026
ХРОНИКА

Притвореник починал во Затворот Скопје

На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П.…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?